ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Од утре полицискиот час почнува од 20:00 часот, пратеникот Александар Николовски се спомнува во корумпираните за легитимирање на режимот во Aзербејџан, стартуваше масовната вакцинација

April 5, 2021 18:07
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заев информира дека Владата одлучила забраната за движење и посебниот режим на движење на граѓаните да биде од утре, па се до 20 април. Новиот полициски час ќе биде од 20 часот до 5 часот наутро. Исто така, почнувајќи од 7 април 2021 (среда), сите угостителски објекти (кафеани, ресторани, барови, клубови) ќе имаат целосна забрана за гости/посетители.

Скандал со пратениците од Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) и нивното политичко делување во режимскиот Азербејџан, особено на пратениците кои се дел од набљудувачката мисија на ПССЕ. Од 2013 година наваму, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николовски, постојано е член на таа мисија, па наводите кои во јавноста ги изнесува Кнаус, преку угледниот  Франкфутер Алгемајне Цајтунг, може да се однесуваат и на него, уште повеќе кога ќе прочитате дека го нарекуваат лидер на измамничка мисија.

Најновиот вирусен бран со новиот британски сој на коронавирусот не се споредува со минатите бранови. Вирусот во овој бран е многу поопасен и многу побрзо прогресира, а кај заболените се случува многу побрзо и неочекувано да им се влоши состојбата, дури и после првиот контакт. Затоа е клучно да се ограничи бројот на контакти, оцени денеска премиерот Зоран Заев. Исто така Заев очекува неделава да се донесат законите од петтиот сет економски мерки.

Дополнителните рестриктивни мерки се со цел епидемиолошката слика дополнително да стивне, посочи министерот за здравство Филипче. Дополна дека нема простор за паника, вакцината Астра зенека е безбедна и граѓаните треба да бидат спокојни

Денеска стартуваше масовното вакцинирање на населението против Ковид-19 vо А1 Арената (сала „Борис Трајковски“) во Скопје. Закажани се термини за 3.000 граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со руската вакцина „Спутник В“.

Мерките што ги донесовме се рестриктивни, но свесно ги носиме за да се заштитиме и претстојните празници да ги поминеме во мир и спокој и да не се соочуваме со ситуација нашите блиски да бидат болни, хоспитализирани или не дај боже да го изгубат животот, истакна на прес-конференцијата во Владата денеска заменик-министерот за здравство Илир Хасани.

Претседателот Стево Пендаровски денеска потврди дека пред неколку дена се пријавил на веб-страната за вакцинација, додавајќи дека ќе се вакцинира согласно државниот план објавен од Министерството за здравство. Се пријавив за вакцинација, ќе ја примам вакцината што ќе биде достапна во тој момент, вели тој.

Полициските службеници не смеат да ја попречуваат работата на новинарите, реагираат од ЗНМ после вчерашниот инцидент каде што новинар од онлајн медиумот ,,Дума.мк“  пријавил инцидент во кој полициски службеник на СВР Велес и го одзел мобилниот телефон на новинарката Стефани Манева од веб порталот Дума.мк и ги избришал фотографиите од телефонот додека извршувала работна задача пред мостот „Гемиџии“ во Велес.

Марка со ликот на великанот Блаже Конески од денеска е во оптек во 6.000 примероци, со што Пошта на РСМ се вклучи во одбележувањето на јубилејот – 100 години од неговото раѓање. Илустрирана е со портретот на Конески, дело на академик Димитар Кондовски.

М. Миткоска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk