ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Бислимовски: Голем број од потрошувачите кои користат субвенции од државата не можевме да ги поврземе со нивното броило

April 6, 2021 13:36
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Регулаторната енергетска комисија поднесе иницијатива со која се бара зголемување на обемот на ранливи категории на потрошувачи кои користат субвенции од државата при плаќање на електрична енергија, изјави денеска директорот на РКЕ Марко Бислимовски.

Потенцира дека при првичните анализи наишле на проблем, а тоа е дека голем број ранливи категории на потрошувачи кои моментално користат субвенции од државата не можеле да ги поврзат со нивното броило, односно домаќинството кое што ја прима социјалната помош не било поврзано со местото на потрошувачка.

-Земавме еден примерок од околу 2.000 граѓани кои што ја користат оваа помош и во соработка со електродистрибуција и ги проверивме нивните броила и за жал кај околу 70 проценти од нив не се води дека тие се корисници на тие броила, туку дали тие се куќи под кирија дали се купени други куќи, но таа обврска не е извршена од граѓаните, тоа ни претставува голем проблем, но верувам дека тоа ќе се надмине во следниов период, изјави директорот на РКЕ.

Бислимовски рече дека субвенциите не треба да се префрлаат кај граѓаните како пари бидејќи не се знаело дали истите се користат при плаќање на сметки за електрична енергија. За таа цел комисијата изработила два предлога за начинот на префрлање на субвенциите.

-Ние имаме два предлога, првиот е граѓаните да добиваат ваучер кој што ќе го користат при плаќање на сметките за електрична енергија или пак директно од буџетот на државата да се префрлат соодветни средства на универзалниот снабдувач и за тој износ што ќе се добие за конкретното домаќинство да се намали нивната сметка за електрична енергија исто така според она што го увидовме најдобар пристап ќе биде доколку се поделат домаќинствата врз основа на приходи така да домаќинствата чии што приходи се во рамките на минималната кошничка ќе добиваат најголема помош, па потоа како ќе се зголемуваат приходите на домаќинството точно одредена сума од оваа субвенција од државата ќе се намалува затоа што сепак не треба да заборавиме дека постојат и категории на домаќинства кои што немаат проблем да си ги покријат своите трошоци за електрична енергија, изјави Бислимовски.

Информира дека тоа како иницијатива веќе е поднесено и разговарано и со министерствата за економија и за труд и социјална политика како и дека очекува пристап од надлежните министерства кон конечна изработка на оваа програма.

извор: МИА

Next Post

Средба на гувернерката на НБ со холандскиот амбасадор: Холандија и натаму ќе дава силна поддршка на земјата и НБ

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk