Димитров: Смртта на Златко Божинов, овчарот од кратовско не смее да помине без конкретна одговорност, ама не смее да помине и без сериозни системски промени за никогаш да не се повтори ваква трагедија.Го објавувам името оти мислам дека овој човек и неговото име треба да одекне како силен вресок за промени. Во изминатите денови добив многу пораки од познати и непознати граѓани, некои изненадени што носител на должност зборува (признава) за нефункционалност на институции, некои со поддршка и поттик за да се истуркаат промени, некои со скептицизам дека ништо нема да се стори.
Денеска се пратени дописи во кои побарав детални извештаи за случајот од градоначалникот на општина Кратово, од Центарот за управување со кризи и од МВР. Освен детални извештаи, за трагичниот настан од ЦУК и од МВР побарав да спроведат внатрешна контрола, за постапувањето на надлежните службеници за случајот.Човечкиот живот нема цена, а кога станува збор за спасување на човечки живот, секој треба да го даде максимумот, а не да се оградува од одговорност.
Кон почетокот на 2019 воспоставена е криминалистичка истрага за лица вработени во управните служби при МВР, како референти и контролори, кои издавале македонски патни исправи за лица странски државјани употребувајќи туѓ идентитет, а пред тоа лицата немале биометриски лични документи“ – изјави Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи. 215 лица, од кои 214 странски државјани и еден македонски државјанин се здобиле со патна исправа под туѓ идентитет. Едно лице било посредник меѓу барателите и службените лица.
На оваа седница се прифатени измените и дополнувањата на Програмата за изградба и реконструкција на основни училишта за 2021 година и на Програмата за изградба и реконструкција на средни училишта за 2021 година. Со измените и дополнувањата се обезбедуваат дополнителни 31.400.000,00 денари за изградба и реконструкција на основни училишта за 2021 година, како и дополнителни 2.800.000,00 денари за изградба и реконструкција на средни училишта во текот на оваа година.
Од американска страна беше потврдена поддршката за евроинтеграциите, со порака дека земјата треба да го задржи реформскиот курс, за што САД останува искрен и посветен партнер. Шоле се согласи со позицијата на Димитров дека е крајно време да се одржи првата меѓувладина конференција, се наведува во владиното соопштение.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 4.555 тестирања, а регистрирани се 1.259 нови случаи.