ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Хоџа: Владата не се откажува од итниот хеликоптерски тим за пребарување и спасување

April 7, 2021 14:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По завршување на пандемијата со КОВИД – 19 Владата повторно ќе распише јавен оглас за воспоставување на хеликоптерски итен медицински систем, зашто првичниот договор поради долгото траење на пандемијата не беше возможно да се спроведува и беше раскинат, најави денеска владиниот портпарол Муамет Хоџа.

-Договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за формирање на современа модерна организациска платформа како ефикасен носител на хеликоптерски итен медицински систем во Република Северна Македонија и хеликоптерски услуги за пребарување и спасување е раскинат со одлука на 26-та седница  на Владата. Спроведувањето на договорот, којшто налагаше обврски од двете страни – државата и операторот, не беше возможно поради долгото траење на пандемијата и затоа е раскинат, рече Хоџа во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Владата, како што рече,  нема да се откаже од проектот и по завршување на кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД -19 ќе биде распишан нов оглас, а јавноста ќе биде информирана штом ќе биде донесена одлука за распишување на повикот.

Нагласи дека човечкиот живот нема цена, а кога станува збор за спасување човечки живот секој треба да го даде максимумот, а не да се оградува од одговорност.

Во врска со овчарот од кратовско кој пет часа беше носен на носилка поради неможноста да се најде возило за негов транспорт од непристапниот терен, рече дека од Кабинетот на вицепремиерот за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски веќе се испратени дописи и се побарани детални извештаи за случајот од градоначалникот на Општина Кратово, од Центарот за управување со кризи и од МВР.

-За трагичниот настан од ЦУК и од МВР е побарано да се спроведе внатрешна контрола за проверување на надлежните службеници за случајот. Интенцијата е расчистување на случајот, итно лоцирање на одговорноста и соодветни мерки, рече Хоџа.

извор: МИА

Next Post

Хелсиншки комитет: Профитирањето ја загрозува борбата со пандемијата

Shortcut

Најново

Фото: Лени вон Гелева

Никола Гелевски – Коља е добитник на наградата „Македонско стрип наследство“ за 2026 година

May 29, 2026

Никола Груевски добил Унгарско државјанство во 2022 година

May 29, 2026

Стојчевски од СДММ: Распишете референдум, младите сакаат самите да одлучат за европската иднина

May 29, 2026

ВЛЕН до Беџети: Молчеше 1058 дена како министер, а денес ги манипулира албанските студенти

May 29, 2026
Фото: Скриншот, видео НАСА

(ВИДЕО) Експлозија на ракетата „New Glenn“ на Blue Origin за време на тестирање на Флорида

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk