ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Проф. д-р Гривчева – Старделова: Лекарите покажаа силна истрајност и несебична грижа за пациентите

April 7, 2021 11:13
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Здравјето е основно човеково право, а секоја личност заслужува да живее здрав живот без оглед на возраст, пол, етничка припадност, економска состојба. Во годината што ја оставивме зад нас во услови кога светска пандемија предизвикана од Ковид-19 ги атакуваше сите сфери на општественото живеење, повеќе од кога било стана јасно колку е важна грижата за здравјето и улогата која ја има здравствениот систем во поширокиот контекст на живеењето,  наведува во својата изјава претседателот на Лекарска комора на РСМ, проф. д-р Калина Гривчева – Старделова по повод 7 Април, Светскиот ден на здравјето.

Во периодот што измина, посочува, Гривчева-Старделова, се соочивме со многу предизвици во менаџирањето на сите нивоа на здравствениот систем, со дел од нив тековно се справивме, но дел ќе треба да се разгледаат и разрешат во периодот кој следи. Воедно, потенцира таа, исплива на површина и потребата за преземање конкретни чекори за воспоставување и овозможување пристап до квалитетни здравствени услуги без соочување со финансиски потешкотии за секој поединец во општеството.

-Од круцијално значење за справување со пандемијата е обезбедувањето на оптимални количини на вакцини за да се постигне масовна имунизација, но и одржливо обезбедување на неопходен здравствен персонал. Треба да се истакне и дека здравствените професионалци во земјава одговорно и на ниво на својата задача се одѕваа на повикот за вакцинирање и според официјалните податоци 75 отсто од нив веќе се вакцинирани против Ковид-19, посочува претседателката на Лекарската комора.

Здравствените работници имаат значајна улога во изградбата на здравствениот систем и тие професионално, посветено и пожртвувано се грижат за здравјето на граѓаните и, како што посочува, во изминатите месеци соочени со предизвикот од непознатото и притисокот за спасување на човечки животи лекарите вложуваа натчовечки напори за да обезбедат квалитетна здравствена заштита. 

-Поради тоа Лекарската комора изразува најдлабока почит и благодарност до сите здравствени професионалци за силната истрајност, упорност и несебична грижа за сите пациенти, а особено за оние кои се соочија со ковид-19. Посебна почит искажуваме кон лекарите кои битката за животот на другите ја платија со сопствениот живот. Во името на Лекарската комора го честитам 7 Април, Светскиот ден на здравјето со повикот за заедничка акција и солидарност на сите вклучени страни, здравствените работници, пациентите и надлежните институции, бидејќи само така може да се даде соодветен одговор на предизвикот со кој се соочуваме, се посочува во пораката од претседателката на Лекарската комора проф. д-р Гривчева – Старделова по повод Светскиот ден на здравјето 7 Април. 

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk