ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Шилегов: Мојот императив е да инвестираме во образовната инфраструктура на Град Скопје

April 7, 2021 12:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Средното училиште „Панче Караѓозов“ денеска одбележува 76 години постоење, како прво медицинско училиште во нашата земја. На патронатот, училиштето го посети градоначалникот Петре Шилегов кој нагласи дека Градот Скопје во изминатите три години интензивно вложува во обнова на градските средни училишта, за да се подобрат условите за работа и на учениците и на наставниот кадар.

Денеска, на Денот на здравјето, се наоѓаме во средното медицинско градско училиште „Панче Караѓозов“ и симболично одбележуваме 90 години од постоењето на медицинската техничка струка во Македонија, но и 76 години од постоењето на средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во вакви услови на светска пандемија, барем ја сфативме суштината на човековото здравје, го сфативме здравјето како приоритет. Горд сум што Градот Скопје во изминативе три години овде, во ова средно училиште, има инвестирано вкупно 54 милиони денари – ги обновивме во целост подовите, вратите на училниците, надворешната столарија, целосно го уредивме новото спортско игралиште по сите стандарди, партерно го уредивме дворот и ЛЕД осветлувањето. Кога ќе се нормализира состојбата, очекувам во наредната учебна година повторно да ни се вратат учениците. Станува збор за околу 2.400 ученици кои се во 5 различни струки, распоредени во 76 паралелки, а кои ќе наидат на обновено училиште – рече денеска градоначалникот Шилегов.

Тој додаде дека неговиот императив како градоначалник е да се инвестира во образовната инфраструктура на Градот, за да се подобри квалитетот на учењето и на престојот на учениците.

Пандемијата ќе помине, а учениците во скопските средни училишта ќе влезат во обновени простории – нагласи Шилегов.

На денешниот настан присуствуваше и директорката на СУГС „Панче Караѓозов“, Маја Салиу.

Значајно е да се нагласи дека во изминативе три години, градежни зафати за обнова на училишните згради се изведуваа во речиси сите градски средни училишта – дел од нив добија енергетски ефикасни фасади, а во дел се вршеше реконструкција на внатрешноста или на дворовите. Во сите 23 училишта, во секоја училница Градот Скопје постави вкупно 572 прочистувачи на воздухот.

 

Next Post

Шест лица ќе треба да платат глоба за прекршување на полицискиот час

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk