ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието ги разгледа годишните извештаи на ДКСК и на Народниот правобранител за 2019 година

April 7, 2021 20:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
О. Бошњаковски/ ФРОНТЛАЈН

О. Бошњаковски/ ФРОНТЛАЈН

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието доцна попладнево ги разгледа годишните извештаи на Државната комисија за спречување на корупција и на Народниот правобранител за 2019 година. Поради немање кворум, гласањето по извештаите ќе биде дополнително закажано.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска, образложувајќи го извештајот, рече дека зголемените и зајакнатите ингеренции на ДКСК ги зголемиле и очекувањата на јавноста дека се зајакнати инструментите и потребните предуслови за поефикасна превенција и борба против корупцијата во услови кога земјата се соочува со широко распространета корупција во сите сегменти на општествено живеење.

– Во период од 10 месеци, до ДКСК беа доставени 1172 пријави од граѓани, здруженија, институции, со сомневања за постоење на коруптивно однесување, злоупотреба на јавната функција, постоење на судир на интереси, отвори и 245 предмети по сопствена иницијатива. Бројот на примени пријави и отворени предмети во 2019 година е поголем од вкупниот број пријави примени во ДКСК во последните пет години. Имајќи ја предвид содржината на доставените пријави, кои во голема мера се однесуваат на остварување на индивидуалните права на подносителите, може да се извлече заклучок дека тоа пред сè се должи на изгубената доверба на граѓаните во институциите на системот, истакна Ивановска, кој потенцира дека ДКСК постапува неселективно.

Пратениците од мнозинството задоволни од работата на ДКСК, која, како што рекоа, речиси воопшто не била активна со претходниот состав.

Во Годишниот извештај на Народниот правобранител за 2019 година, е забележано дека истите проблеми на граѓаните се провлекуваат со години.

– Статистиката покажува дека и минатата година проблемите со кои се соочуваа граѓаните во остварувањето на нивните права во глобала остануваат исти иако се бележи пораст на претставките во областите социјала, здравство и правата на детето. Неспорен е впечатокот дека и натаму најмногу поплаки има за работата на извршителите. Проблемите тука со години остануваа исти. Граѓаните најмногу се жалат дека не биле известени за иницирање на постапките за извршување заради што биле принудени да платат неколкукратно повеќе средства од она што им се појавувало како долг. Кога станува збор за областа правосудство, за жал, како и минатата година присутна е пракса на лоша комуникација помеѓу органите на државната управа и управното судство, која е на штета на ефективна правда, па граѓаните и натаму се принудени со години да чекаат на остварување на своите права, стои во заклучокот на Народниот правобранител.

Во извештајот на Oмбудсманот се истакнува и дека нема поместувања ниту во областа на имотно-правните односи, каде денационализацијата и понатаму останува „приказна без крај“. Во него, исто така, се нагласува дека дискриминацијата, по сите основи, особено мобингот е и натаму присутна во општеството, а правата по работниот однос се прекршуваат.

Пратениците од опозицијата забележаа дека во салата нема ниту еден претставник на Владата, за да слушне за што најмногу се жалат граѓаните.

Собранието ќе продолжи утре со работа во 12 часот.

 

 

/МИА/

Next Post

Вечерен преглед: Директна финансиска поддршка во вид на грантови за угостителите, започна вакцинацијата на наставниците од Карпош

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk