Моделот по кој ќе бидат поддржани веќе е направен и по консултација со коморите и здуженијата за туризам и угостителство, следната недела мерките ќе бидат објавени, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето на централниот Дневник на Телевизија Сител.
Атанас Конески на средбата истакна дека во име на фондацијата „Небрегово“ изразува благодарност до Владата и до Министерството за култура кои во последните 4 години целосно ги поддржуваат активностите на фондацијата за афирмација на животот и делото на Блаже Конески и иницијативите за промоција и чување на автентичните вредности на македонскиот јазик кои во претходниот период од 2008 до 2016 година беа постојано игнорирани.
Оние економски оператори кои овие две недели ќе бидат затворени ќе бидат опфатени со нови мерки. Во моментов разгледуваме неколку модели кои ќе се базираат на покривање на дел од остварените приходи во последните месеци. Секако за споредба мораме да земеме месеци со кои би можеле да симулираме колку тие истите би направиле приходи доколку не се случи ова затворање. Во моментов приоритет е здравјето и заштита на здравјето на граѓаните, за сите настанати штети во економијата, како и досега, државата ќе излезе пресрет.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 4.438 тестирања, а регистрирани се 1.302 нови случаи на КОВИД-19.
Од Општина Карпош истакнаа дека интересот за вакцинација на просветните работници од сите 10 основни училишта во Карпош е голем, бидејќи преку нејзина примена се очекува враќање на образовниот процес во нормален тек.
Од разгледаните точки поголем интерес за дискусија на пратениците имаше за Предлогот на финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија за 2021 година, и за Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2019 година.
По шест неуспешни обиди за закуп на ординација за матичен лекар во Поликлиниката во Шуто Оризари, денеска добивме апликација на седмиот оглас од приватна Поликлиника која аплицираше и планира закуп на ординацијата во рамките на своја Поликлиника. Со ваквиот ситем на вршење здравствена дејност во рамките на Поликлиниката се гарантира трајноста на ова решение, соопштија од Министерство за здравство.