ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието разгледа повеќе закони од различни области

April 7, 2021 14:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
О. Бошњаковски/ ФРОНТЛАЈН

О. Бошњаковски/ ФРОНТЛАЈН

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска ја продолжи 30. седница, на чиј дневен ред се повеќе предлог-закони по скратена постапка.

Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија, по скратена постапка, како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери ќе биде разгледан штом се создадат услови според Деловникот и додаде дека законот се уште не е разгледан на комисиите. И Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште во прво читање ќе се разгледа штом се создадат можности според Деловникот и се уште не е разгледан на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во фокусот на седницата беше Предлог-законот за изменување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, во прво читање.

Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека треба да се биде внимателен и праша што ќе предизвика намалувањето на глобите. Според него, ако се изземат навивачите треба акцент да се стави на организаторите на натпреварите кои, како што рече, треба да направат соодветни протоколи и стандарди да се спречи било каква можност за насилство на одредени натпревари. Информира дека е сменета одредбата и оти во законот глобата од 2.000 евра изнесува од 500 евра до 7.000 евра и праша како ќе се одреди која казна треба да се плати.  Нагласи дека законот треба да важи подеднакво за сите навивачки групи и да се почитува од сите нив.

Дарко Каевски од СДСМ рече дека во оваа област сериозен пристап треба да имаат институциите и организаторите на спортските натпревари, а намалувањето на казните е популарна мерка која треба да следи и директно влијае за зголемување на додадената вредност на спортските натпревари.

Пратениците констатираа дека овој предлог-законот е прифатлив и може да се даде на натамошно, односно второ читање, а гласањето ќе биде дополнително.

Пратениците исто така констатираа дека Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита од бучава во животната средина, во прво читање е прифатлив и може да се даде на натамошно, на второ читање. Џафери рече дека гласањето и за оваа точка ќе биде дополнително.

Министерот за животна средина и просторно  планирање Насер Нуредини го образложи законот и рече дека со него се уредува управувањето со и заштитата од бучава во животната средина. Во овој закон се уредува и прекршочната постапка и соодветно се пропишани глоби за физички и правни лица кои не постапуваат согласно одредбите на законот.

Џафери информира дека и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина во прво читање, ќе биде разгледан што се создадат можности согласно Деловникот бидејќи не е разгледан на матичното собраниско тело.

Пратениците заклучија дека Предлог-законот за дополнување на Закон за научно-истражувачката дејност, во прво читање, поднесен од пратениците Жаклина Лазаревска, Арбер Адеми, Јован Митрески, Зеќир Рамчиловиќ, Марија Костадинова, Драгица Ѓавочанова, Даниела Колева, Бисера Костадиновска Стојчевска, Мирослав Јовановиќ, Кастриот Реџепи, е прифатлив и може да се даде на натамошно, на второ читање. Гласањето за законот дополнително ќе се изврши.

Законот го образложи Бисера Костадиновска Стојчевска која рече дека се предлага дополнување со нов член  – 45 е,  кој, како што рече, по исклучок ја регулира можноста за продолжување на работниот однос на лицето избрано во научно звање заради континуирано вршење на дејноста во јавните научни установи.  Пратеничката Гордана Силјановска Давкова рече дека го поддржува дополнувањето на овој законот и напомена дека колегите во научните институти треба да имаат ист статус како и колегите на универзитетите.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и информира дека пратениците дополнително ќе бидете известени за нејзиното продолжување. Собранието во моментов ја одржува 32 седница.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн

Повторно достапни закажувањата за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош

July 12, 2025
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Приказна за лавот и глушецот

July 12, 2025
Фото: МИА

Музичко-сценски спектакл вечер на Антички за отворањето на 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk