На првиот ден од двонеделното затворање сите угостителски објекти низ државата, како и рестораните и кафитериите во хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување, со цел превенција и заштита на граѓаните од Ковид-19, од Владата стигна најава за нови мерки за помош на овие економски оператори. Премиерот Заев на денешната прес-конференција ја потврди помошта за затворените угостителски објекти.
Премиерот Зоран Заев очекува во април да биде формирана новата влада на Бугарија и со тоа да продолжат разговорите и да се изнајде решение кое ќе биде прифатливо за двете страни, бидејќи, како што рече, тоа е интерес за целиот Западен Балкан, на ЕУ, а дефинитивно и интерес на бугарскиот народ.
Полнењето на државната каса оди според планираното, приходите се на повисоко ниво од преткризниот период од минатата година, а добрата кондиција на буџетот во првиот квартал и позитивните трендови што се препознаваат се должат на преземените мерки. Присутни се позитивни трендови, економијата е жива и стабилна, 2021 ќе биде година на заздравување и економски раст, оцени Заев.
Во услови кога во земјава прдоложува процесот на имунизација на повозрасните лица и вработените во Армијата и образованието, Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера потврди дека постои поврзаност помеѓу вакцината на „Астра Зенека“ и појавите на згрутчување на крвта, но нагласи дека оваа последица е многу ретка и бенефитите од вакцината и натаму се поголеми од ризиците. Успешно продолжува вакцинацијата во земјава, граѓаните што се вакцинираа во Србија ќе се ревакцинираат кај нас, најави Филипче.
По повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април, во присуство на градоначалникот Илија Јованоски и претседателката на Советот на општина Прилеп, Еленче Ташкоска, денеска на јарболот пред зградата на Општина Прилеп беше подигнато ромското знаме.
Продолжува трендот на зголемување на процентот на граѓани кои остануваат силни поддржувачи на Европската Унија. Зголемен е процентот на оние кои сметаат дека членството во ЕУ е „добра работа“ (70,8 проценти) и „корисна работа“ (74,3 отсто), покажува последниот ЕВРОМЕТАР од февруари 2021 кој е дел од традиционалните продукти на Евротинк.
М. Миткоска