ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Советот на Град Скопје ги изгласа одлуките за субвенции за граѓаните за купување велосипеди и електрични тротинети

April 8, 2021 13:22
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на Град Скопје на денешната 68-ма седница ги изгласа предлог-одлуките за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување електрични тротинети во 2021 година за купување велосипеди во 2021 година.

Максималниот износ за поединечна субвенција за купување електричен тротинет по лице се утврдува во износ од 30 проценти од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Доделувањето на поединечната субвенција се врши врз основа на доказ дека е извршено купување на електричен тротинет од РСМ, и тоа со оригинал фискална сметка издадена во Република Северна Македонија, со датум од 1 јануари 2021 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за доделување на поединечна субвенција на граѓаните на подрачјето на Градот Скопје за купување електрични тротинети, при што задолжително е тротинетот да е целосно отплатен. Плаќањето на рати не се прифаќа.

За субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје при купување електричен тротинет се обезбедени финансиски средства во Буџетот на Град Скопје за 2021 година, со вкупен износ од 1.500.000,00 денари.

Максималниот износ за поединечна субвенција за купување велосипед по лице се утврдува во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Доделувањето на поединечната субвенција се врши врз основа на доказ дека е извршено купување на нов велосипед од Република Северна Македонија, и тоа со оригинал фискална сметка издадена во Република Северна Македонија, со датум од 1 јануари 2021 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за доделување на поединечна субвенција на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди, при што задолжително е велосипедот да е целосно отплатен. Плаќањето на рати не се прифаќа.

За субвенционирање на граѓаните при купување велосипед се обезбедени финансиски средства во Буџетот на Град Скопје во 2021 година, со вкупен износ од 8.500.000,00 денари.

извор: МИА

Next Post

Средба на претседателот Пендаровски со претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk