ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ГОВОР НА ОМРАЗА

Професорка со говор на омраза кон Ромите добива воспитна лекција од ученик

April 9, 2021 11:57
in ZOOM IN, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter
Професорка од средното економско училиште во Тетово, шири говор на омраза и навредливи зборови за ромската етничка заедница на својот профил на Фeјсбук, а најостра реакција против неа доаѓа од ученик Албанец кој на професорката и одржа лекција за човечност.

На Меѓународниот ден на Ромите, на професорката Мухабије Фејзули, и пречат честитките на нејзините сограѓани Албанци за ромската заедница, па затоа се „охрабрила” да се изјасни посочувајќи им на  Албанците колку „лоши и опасни” биле Ромите. Според професорката, на Ромите никој не им го оспорува правото на образование, туку вели дека не им се работи.

Снимка од екран од Фејсбук коментар од професорката Мухабије Фејзули

„Не разбирам зашто толку многу ги жалите Ромите. Јас ги имам во населба и ги познавам многу добро. Кога би имале малку повеќе моќ, би не исчезнале нас Албанците. Доволно е да се потсетиме на Монопол и да видиме какви луѓе се. Никој не им забранува образование, тие не сакаат да работат и се сакаат на готово. Ромите се повеќе бездушни од „шкијет” (каурите) , напишала Фејзули, професорка во средното економско училиште „8-ми Септември“ во Тетово.

Како одговор на нејзиниот говор на омраза и воспитна лекција по човечност и толеранција, средношколецот и  претседател на Унијата на средношколците Бленди Ходаи Ходаи во неговата реакција  на ФБ побара одговорност за ваков речник и вели дека ваквите случаи не засрамуваат сите.

„OFENDIME ÇDO DITË, PO PRA EDHE NË DITËN E TYRE“

Romët sot kishin ditën e tyre, profesoresha jonë shprehi mllefin e saj…

Posted by Blendi Hodai on Thursday, April 8, 2021

„Една од причините зашто се мразиме меѓу себе во оваа држава, се токму одредени наставници кои за време на наставните часови промовираат говор на омраза кон другите националности кои живеат во нашата држава.

Професорката на економското училиште во Тетово, итно треба да понесе одговорност и да се извини јавно за нејзината омраза кон Ромите. Ваков вид на случаи не треба да се толерираат никако, бидејќи стануваат негативни феномени во општеството”, пишува меѓу другото Ходаи во неговата реакција објавена на Фејсбук.

На крајот на неговата објава, Ходаи и порачува на професорката дека со ваков коментар не се изразува патриотизам туку дека е банална и е срамно учениците да имаат ваква професорка. Објавата завршува со хаштагот #расистичкапрофесорка #одговорност.

Во објавата на професорката Фејзули има и многу реакции и од други граѓани и корисници на социјалните мрежи. Во некои од нив најостро реагираат Албанци навредени и иритирани што професорката навредува во име на Албанците, а многу од нив велат дека живеат со Роми во мешани населби во Тетово, и дека соживотот е сосема поразличен од тој кој го опишува професорката. Инаку, Тетово е еден од градовите во кои живеат различни етнички заедници, меѓу кои и припадници на ромската заедница. Поток и Теќе се населбите каде живеат најголем број на од припадниците на ромската заедница, но неколку семејства живеат и во други населби.

извор: Мониторинг тим на ЦИВИЛ

Next Post

Пладневен преглед: Сите економски опертори затворени во овие две недели ќе бидат опфатени со нови мерки, излезеноста на изборите во Бугарија, помала за 4 отсто од претходните, Мицкоски шири лаги за да го прикрие неговиот последен скандал

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk