ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Прилеп годишно селектира отпад колку цела Македонија заедно

April 10, 2021 10:41
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Фото: ЈКП Комуналец-Прилеп

Фото: ЈКП Комуналец-Прилеп

Share on FacebookShare on Twitter

Општина Прилеп е првенец во земјава во однос на селекцијата на отпадот што се создава од граѓаните и компаниите на нејзина територија. Од вкупно 28.000 до 31.000 тони отпад што се создава во текот на една година, Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Прилеп успева да селектира и продаде меѓу 1.200 и 13.000 тони селектирани отпадни материјали на годишно ниво, информираат за „Мета.мк“ од ЈКП „Комуналец“-Прилеп.

Само лани, ова комунално претпријатие успеало да селектира и продаде 822 тони отпадна хартија и картон, 87 тони разни видови отпадна пластика и ПЕТ амбалажа, 56 тони најлон и 78 тони стаклена амбалажа.

Покрај ова, со сопствени контејнери за градежен шут собрани се околу 3.000 тони градежен шут, со којшто отпаден градежен материјал се покрива општинската депонија во месноста Омер Алинци. Општина Прилеп преку комуналното претпријатие селектира и 2.000 до 3.000 тони дополнителни отпадни материјали (текстил, мебел, дрво и слично), но за нив во моментов немаат пласман во земјава и странство.

Со ваквиот биланс, Општина Прилеп селектира отпад на годишно ниво колку сите други градови заедно, вклучувајќи го и Градот Скопје. Државниот завод за ревизија во Конечниот извештај од ревизијата на успешност „Ефикасно третирање и справување со пластичниот отпад“, има упатено пофалба до Општина Прилеп за бројот на поставени садови за селекција на отпад.

Фото: ЈКП Комуналец-Прилеп

Ревизијата утврди дека Општина Прилеп е еден од ретките градови во РСМ каде успешно се применува примарната селекција на отпадот, а веќе подолго време во подготовка е изградба на хала за секундарна селекција, се наведува во Ревизорскиот извештај.

Сепак, ревизорите констатираат дека ЈКП од Прилеп во 2013 година започнало проект за изградба на Центар за секундарна селекција, за што до крајот на 2017 година се исплатени 23.906.000 денари, по што градењето е прекинато. За доизградба на Центарот се потребни уште околу 27 милиони денари, поради што во Извештајот ревизорите му препорачуваат на ЈКП од Прилеп да продолжи со преземените активности за доградба на Центарот за секундарна селекција на отпадот.

Од јавното комунално претпријатие од Прилеп велат дека засега нема никакви најави за помош од Министерството за животна средина и просторно планирање во оваа насока, иако се сложуваат дека ако се доврши Центарот за секундарна селекција, Прилеп во идната регионална депонија за Пелагонискиот регион што ќе се гради во Општина Новаци би транспортирал само отпад на којшто му е неопходно депонирање.

Досега делумно е завршен проектот за секундарна селекција на отпадот, при што во фаза на изградба е хала, а набавена е и линијата за секундарна селекција. Од ЈКП „Комуналец“-Прилеп велат дека при крај на реализација е проектот „БИО РЕАЛ“ во вредност од 173.000 евра, аплициран од Програмата ИНТЕРЕГГ ИПА за меѓугранична соработка со Република Грција. Од одобрените финасиски средства, во 2019 година е набавена 50 тонска автоматска преса за балирање на отпадните материјали, набавено е ново возило за одвоз на селектирани материјали и изработена е Студија за изградба на компостара.

На територијата на Општина Прилеп, досега се распределени 21.000 корпи за отпадоци по домаќинствата, поставени се 463 контејнери по јавни површини, институции и компании за селекција на отпадни материјали, 30 контејнери за сепарација на градежен шут и 38 контејнери за селекција на стаклена амбалажа. За одвезување на рециклирачки отпадни материјали од домаќинствата набавени се 10 дополнителни возила, а во примарната селекција на отпадот се вклучени и граѓаните од руралните средини во Прилеп.

„Ментално се работи на до-вклучување на руралните средини во примарната селекција на отпад. Досега се опфатени 15 населени места со вклучени 1.118 домаќинства кои го селектираат отпадот. 15.297 корисници во градот се вклучени во селекцијата на отпад кои живеат во куќи и 4.081 корисник на услуги живеат во станбените објекти и ја користат контејнерската услуга за селекција на отпад. Отпад од стопанството, јавните установи и институции се собира од 2.182 корисници во градот и населените места, и кај нив сè уште во целост не е спроведено правилното третирање и управување со отпадот, иако законодавецот предвидува за нив ригорозни казни“, велат за „Мета.мк“ од ЈКП „Комуналец“-Прилеп.

Иако Прилеп претставува позитивен исклучок во целата земја, Ревизорскиот извештај на ДЗР потенцира дека помалку од 1 отсто од собраниот комунален отпад во земјава се рециклира, што се бројки на кои секоја година алармира и Државниот завод за статистика во соопштенијата за количеството на собран и селектиран комунален отпад.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Николоски: Сериозно се разговара со Велика Британија да бидат ослободени од визи три категории на граѓани

June 19, 2025

(ВИДЕО) Инцидент во Советот на Општина Кочани, повредена службеничка

June 19, 2025
Фото илустрација. Генерирано со ВИ

Американскиот напад врз Иран би донел ризици на секој чекор

June 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ја разобличува авторитарната страна на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk