Магазинот „Бука“ на својот Јутјуб канал го објави видеото „ХејТ Словени још сте живи?“, кое е составен дел од кампањата против говорот на омраза што ја спроведува магазинот „Бука“ веќе неколку месеци.
„Водечка нишка на кампањата е поздравот„ ХЕЈ, СЛОВЕни“, кој за нашата приказна го преименувавме во„ ХејТ СЛОВЕни“, бидејќи омразата, се чини, стана најнормална работа, како „добар ден“. Видеото покажува колку сме опседнати со говор на омраза, преку разговор помеѓу клиенти и работници во супермаркет“, вели главниот уредник на Бука, Александар Трифуновиќ.
Спотот го напиша и режираше славниот филмски режисер Предраг Личина, а во главните улоги се појавуваат Христина Поповиќ, Северина и Горан Богдан.
„Сведоци сме на зголемена фреквенција на говор на омраза, кој постепено го освојува Интернет и офлајн просторот и се заканува да стане општо прифатен начин на комуникација во нашето општество. Опасностите од навикнување на овој вид говор се повеќекратни “, предупредува Бука и додава дека кампањата има за цел да ја афирмира културата на дијалог, емпатија и разбирање меѓу луѓето.
Главниот слоган на кампањата „ХејТ Словени, још сте живи?“ доживеа и кратка анимација. Идеен творец на слоганот е и режисерот Предраг Личина.
Хаштагови на кампањата се: #govormržnje #stopgovorumržnje #kampanja #magazinbuka #hejtsloveni
Ј. Ѓ.