ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: Владата повторно демантира лаги од Милошоски, притвор од 30 дена за шесте осомничени кај Прилеп, ќе се контролира имотната состојб на вработени во јавен сектор

April 11, 2021 20:52
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Владата најостро ги демантира лагите на пратеникот Антонио Милошоски дека наводно „Заев и Спасовски делеле македонски пасоши на терористи од ИСИС”. – Ова е брутална лага која има за цел да ја манипулира јавноста, да попречува случајот да се расчисти до крај и да направи штета на угледот на институциите кои посветено и успешно се справуваат со секаков вид криминал.

Притвор од 30 дена за шесте осомничени во акцијата за заплена на дрога кај Прилеп. Судија на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и на сите шест осомничени кои беа спроведни во судот и им определи мерка притвор во траење од 30 дена врз основа на сите три точки – „опасност од бегство“, „влијание врз сведоци“ и „можност за повторување на делото“.

Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, информира за нови 687 случаи од направени 3.050 тестирања. Пријавени се 46 починати лица, a rегистрирани се 1.347 оздравени пациенти.

Вицепремиерот Љупчо Николовски за МИА: Ќе се контролира имотната состојба и сопственички удели на дел од јавниот сектор

Градоначалникот на Крушево Томе Христоски: Претседателката од ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево, Билјана Проеска, „дивееше“ со возило, направи сообраќајна незгода и избега од местото на настанот.

ФРОНТ: Македонија е рај, Македонците се жртва на пеколната пропаганда. Колумна од Бранко Тричковски

Омаловажувачкиот хумор кон етнички групи не е само шега, туку шовинистичко поттикнување на предрасуди и негативни стереотипи. Колумна од Ваљон Салиху, портпарол на Град Скопје

На денешниот натпревар во Торина каде силите ги измерија Јувентус и Џенова, камерите уловиле интересени сцени помеѓу нашиот Горан Пандев и легендарниот голман Џиџи Буфон.

Buffon and Pandev, combined age of 80.

Still loving life at the top ? pic.twitter.com/rXlB1RujJe

— ESPN FC (@ESPNFC) April 11, 2021

Битиќи: Со 2 милиони евра директна финансиска поддршка ја враќаме креативноста на ивент индустријата. Во последниот 5ти пакет, Владата креираше наменска мерка за директна поддршка на економската гранка за организација на настани или уште позната како “ивент менаџмент индустрија”.

МОН: Нови наставни програми за првачињата – основа и поттик за креативен пристап во наставата. Како што е наведено во денешното соопштение на МОН, наставните програми се изработувани од страна на работни групи во кои покрај советниците на БРО, учествуваа и универзитетски професори и практичари – наставници од основно образование

Град Скопје наскоро ќе почне со имплементација на капиталниот проект за брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје, поточно „автобуско метро“ или „трамвај на тркала“, соопштија денеска градските власти.

Кинескиот центар за контрола на болести размислува за мешање и промена на начинот на кој се примаат дозите вакцини за коронавирусот со цел да се зголеми нивната ефикасност, пишува Фајненшл тајмс.

Бразил е на второ место во светот по бројот на смртни случаи од коронавирусот, а домашните експерти предупредуваат дека врвот на сегашниот бран на епидемијата ќе биде достигнат дури за неколку недели.

Ј. Ѓ.

Next Post

Нема никава поврзаност на семејството Заеви со акцијата за заплена на дрога, пропадна уште една гнасна лага на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk