На денешниот натпревар во Торино каде силите ги измерија Јувентус и Џенова, камерите уловиле интересени сцени помеѓу нашиот Горан Пандев и легендарниот голман Џиџи Буфон. Двете легенди на италијанската „Серија А“, заедно имаат 80 години, но сè уште не се даваат во пензија..
Коментаторот на ова видео се прашува за што ли разговараат:
Buffon and Pandev, combined age of 80.
Still loving life at the top ? pic.twitter.com/rXlB1RujJe
— ESPN FC (@ESPNFC) April 11, 2021
„Кога ќе се пензионираш Џиџи?
А кога ти ќе се пензионираш, Горан?“, на шега кометира спортскиот коментатор.
Денешниот натпревар го доби Јувентус со 3:1. Головите за „Старата дама“ ги дадоа Кулушевски, Мората и МекКени, а почесниот гол за Џенова го постигна Скамака.
Ј. Ѓ.