ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Со 2 милиони евра директна финансиска поддршка ја враќаме креативноста на ивент индустријата

April 11, 2021 14:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Клучни критериуми се за содржините да се ангажираат исклучиво домашни артисти и изведувачи, за во целост да се поддржи домашната сцена и настаните да се на тема од висок јавен интерес со што ќе придонесеме и кон националната гордост, кон она што е наше обединување и највисок државнички интерес – а тоа оваа година е јубилејот 30 години независност на нашата татковина Северна Македонија како и 20 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, вели Битиќи за „Слободен печат“.

Ивент индустријата во Македонија е една од најпогодените во пандемијата и во неколку наврати преку протести и директни средби бараше решение и вклучување во пакетот антикризни мерки на Владата. Поради непредвидливиот фактор кој пандемијата го носи, Владата носеше мерки на секои 3 – 4 месеци, за да може да таргетира помош онаму каде што во моментот е најпотребна и никој да не биде изоставен.

Во последниот 5ти пакет,  Владата креираше наменска мерка за директна поддршка на економската гранка за организација на настани или уште позната како “ивент менаџмент индустрија”.

-Обезбедивме еден милион евра неповратни финансиски средства за организација на најмалку 40-тина настани, за чија реализација очекуваме да бидат ангажирани повеќе од 100 компании како организатори и подизведувачи и изнајмувачи на техника, но и ангажман на изведувачи, уметници, музичари,  артисти, културни работници, фотографи, сниматели, продуценти, техничари и други професии кои вообичаено се ангажираат во и околу ивент индустријата , вели за „Слободен печат“ Фатмир Битиќи, вицепремиер во Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции.

Според вицепремиерот Битиќи целта е да се поддржат компаниите да продолжат да работат, да се поттикнат да го прифатат предизвикот да се прилагодат на променетите услови и да го искористат својот креативен капацитет за да креираат содржина во која сите ќе можеме да уживаме, како што тоа го прават години наназад.

-Значи, не станува збор за поддршка за да се седи под клуч во услови на пандемија, туку обратно – овозможуваме буџет кој ќе ја држи оваа економска гранка жива, активна, за да се создава содржина, да зрачат овие оператори во етер, да се продуцира нова програма и секако тие содржини да доаѓаат до граѓаните, до различните публики, до народот. И народот ја очекува оваа мерка бидејќи „култура во време на корона” е нешто што дава оптимизам, што го крева духот и што праќа пораки на меѓусебно охрабрување меѓу нас, објаснува Битиќи за „Слободен печат“.

Тој  смета дека со најмалку милион евра ќе се поттикне ивент индустријата да работи дури и во време на рестриктивни мерки.

-Условите ќе бидат такви да ги задолжат операторите да организираат настани исклучиво според сите актуелни КОВИД-19 здравствени протоколи, што значи дека настани и продукција на содржина се можни дури и во време на пикови, се разбира преку онлајн врски, видео стриминзи, преку медиумите – на пример, артистите на некој локален плоштад, а граѓаните, публиките дома, онлајн пред својот телефон или компјутер, пред ТВ или радио приемниците. Кога се сака – се може!, дециден е вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кој е убеден сум дека ова ќе биде сериозно освежување и за музичката, и за концертната, и за конференциската индустрија и особено за културните работници.

Новиот предлог не вклучува строги ограничувања во формата, туку ќе се поддржи секаков тип настани од јавен карактер, од концерти до изложби, претстави, проекции, јавни предавања, фестивали, свечености.

-Клучни критериуми се за содржините да се ангажираат исклучиво домашни артисти и изведувачи, за во целост да се поддржи домашната сцена и настаните да се на тема од висок јавен интерес со што ќе придонесеме и кон националната гордост, кон она што е наше обединување и највисок државнички интерес – а тоа оваа година е јубилејот 30 години независност на нашата татковина Северна Македонија како и 20 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. јавниот повик е во финална фаза на подготовка и очекувам да биде објавен во следните две недели. Тој ќе биде отворен до почетокот на месец мај, после што ќе бидат обезбедени грантови за апликантите кои ќе ги исполнат условите,  а од месец јуни па до крајот на септември очекуваме реализација на десетици настани и моќно културно лето со работен наслов „30 години Независност”, објаснува Битиќи.

Вицепремиерот ги повикува сите ивент оператори да размислуваат за идеи, концепти и сценарија за своите настани, за теми поврзани со Илинден, со АСНОМ, НОБ, со Референдумот за независноста, Охридскиот рамковен договор, за нашиот европски и евро-атлантски стратешки правец.

-Секогаш се добредојдени и настани посветени на македонската култура и традиција претставени преку идентитетските специфики на македонскиот народ и преку промоција на македонскиот јазик, како и настани за културата и традицијата на албанскиот народ во Северна Македонија и промоцијата на албанскиот јазик, но и настани за промоција на културата и традицијата на Турците, Ромите, Власите, Србите, Бошњаците и сите други заедници кои живеат во Северна Македонија. Ова е можност да ги покажеме преку разни форми на јавни перформанси и дејноста и делата на нашите истакнати домашни автори и дејци во сферата на културата, уметноста, литературата, музиката, образованието, науката, спортот и друго. Да си ги промовираме повторно културно-историските локалитети и сите други аспекти на македонската државност и на нашето мултикултурно општество, вели Битиќи.

Ивент индустријата претходно ја користеше мерката за поддршка за плати во траење од шест месеци, а откако одлуките за петтиот пакет ќе поминат во Собранието  фирмите повторно ќе добијат финансиска поддршка за исплата на плати за февруари и март.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека наскоро на располагање на ивент индустријата, но и за други економски гранки ќе бидат и дополнителни 10 милиони евра бескаматни кредити преку Развојната банка, од кои до 50% ќе бидат неповратни средства.

-Според нашите анализи, ако ивент индустријата создаде идеи и концепти за развој на бизнисот, преку оваа нова мерка за бескаматни кредити може да повлече уште еден милион евра, што заедно со средствата предвидени за организација на настани и со мерката за плати ќе донесе вкупна поддршка за оваа економска гранка повисока од два милиони евра, нагласува Битиќи за „Слободен печат“.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

July 10, 2025

Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина

July 10, 2025

ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина

July 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државата во пламен, Мицкоски и ДПМНЕ си тераат партиски агенди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk