ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: На крајов на месецов ќе пристигнат 200.000 вакцини, кога Апасиев зема хонорари, тогаш храни фамилија, а кога тоа го прави толкувачка на знаковен јазик, таа според него е мршојадец, Хелсиншки со правно мислење околу бездржавјанството

April 13, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Филипче на својот фејсбук профил напиша декa на негово барање се сретнал со кинескиот амбасадор во државава, Џанг Ѕуо. На средбата разговаравме за испораката на вакцините од производителот „Синофарм“, односно да се забрза процесот за испорака на 200.000 вакцини, кои според најавите на амбасадата во нашата земја би требало да стигнат до крај на месецов, објави Филипче.

Откако Владата вчера ја објави листата на лица кои се тековно ангажирани преку авторски договори за специфични задачи кои не може да се обезбедат од редот на вработените, на социјалните мрежи започна диригирана хајка против лицата ангажирани хонорарци. Кога Апасиев зема хонорари, тогаш храни фамилија, а кога тоа го прави толкувачка на знаковен јазик, таа според него е мршојадец

Направен е исчекор околу законот за државјанство на средбата на премиерот Зоран Заев со лидерите на опозициската коалиција Алтернатива и Алијанса за Албанците Африм Гаши и Зијадин Села. Тој исчекор, како што оцени вчера премиерот би значел и можност за одблокирање на законите во Собранието, пред се од петтиот пакет мерки за помош на бизнисите и граѓаните, на кои пратениците од оваа коалиција имаат поднесено амандмани.

Хелсиншкиот комитет за човекови права подготви правно мислење во однос на бездржавјанството, со осврт на Законот за државјанството, Законот за странците и Законот за неевидентираните лица во матичната книга на родените. Доколку и со примената на постојните законски одредби статусот на лицата без државјанство не се уреди, тогаш државата треба да изнајде решенија за нив, стои во заклучокот од правното мислење на Хелсиншкиот комитет.

Цела недела не замараа со наводни скандали со тајни списоци на вработени во влада што работеле тајни пропагандни задачи. Денес излезе списокот и сите видоа дека нема ниту едно спорно име, особено не твитерџии и инфлуенсери за кои погодуваа дека за пари ја бранеле владата. Ете тие се денес гласните незадоволници од #ШаренаРеволуција, глумат дека се предадени, а од петни жили се обидуваа да ја саботираат додека траеше. Ќе им каже ли некој!?, пишува Никола Наумоски.

Шарената револуција беше ослободување на духот, пограѓанчување на масата, поместување на општеството во нова димензија, Настан во кој нацијата се самоосвести и самоотвори за нови перспективи на социјалниот, политичкиот и културниот развој… Извор на гордост на сите што учествувавме во револуцијата која го обедини општеството по сите основи, а најмногу во идејата за слободата и правдата. Но, причина за гордост и на сите  граѓани, пишува Бранко Тричковски.

М. Миткоска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Џафери им го честита почетокот на Рамазан на припадниците на исламската вероисповед

НАЈНОВО

Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

October 20, 2025

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, ВРЕДИ во девет, СДСМ во седум НАИ во шест, а ДПТ во една

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk