Од официјалниот Твитер профилот „Портпарол на ВладаМК“, посочувајќи до линкот од демантот на директорката на УЈП Сања Лукаревска, а во врска со лажната вест пласирана од порталот „Република“, реагираат и истакнуваат дека се работи за злонамерен линч и хајка, а не новинарско истражување.
„Издвоени поединци, изложени на лична деградација, со комплетна лажна вест. Токму на ваквите хајки предупредувавме. Ова не е новинарско истражување, ова е злонамерен линч од страна на политички актер во општеството.
СТОП на хајките!“, се наведува во твитот.
Издвоени поединци, изложени на лична деградација, со комплетна лажна вест. Токму на ваквите хајки предупредувавме.
Ова не е новинарско истражување, ова е злонамерен линч од страна на политички актер во општеството.
СТОП на хајките! ?https://t.co/U9APknMGoh
— Портпарол на @VladaMK (@portparolVRSM) April 12, 2021
Претходно, директорката на УЈП, Сања Лукаревска, објави демант дека лицето Дејан Смилевски имал било каква допирна точка со проектот, наградната игра и апликацијата МојДДВ. Таа истакнува дека имајќи предвид дека штетните последици на една лажна вест не секогаш зависи од кредибилитетот на тој што ја пласира, со цел да спречи евентуално ставање на јавноста во заблуда смета дека е неопходно да реагира.
Ј. Ѓ.