Фирма на семејството Заеви, компанијата „Тотал Инженеринг”, денеска донираше комплетно опремено амбулантно возило за транспорт на пациенти на струмичката болница.
Како што соопштија од болницата, покрај возилото, донирана е и заштитна опрема за вработените во Ковид центарот.
Инаку, семејството Заеви лани на 15 ноември донираше уште едно амбулатно возило на струмичката болница, како и медицинска опрема.
извор: Слободен печат