пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ
Не е дека оние пред него биле поарни, ама периодот на владеењето на Груевски у апсолутна смисла на значењето на зборот РЕЖИМ го заслужуе тој термин. У тој децениски период и државата и граѓаните се суочаваа со власт која ја интересираше само профитот и личните бенефити, намерно сеејќи страв и раздор меѓу мкд пучанството. Режимот ги понуди благодетите од власта за неколку тајфи класифицирани партијски послушници кои у тој период ќе набутаат купишта пари у душеци и јастуци, имот и капитал тука и по странство, на имиња на синои, ќерки, мајки и шваљерки, на штета на сите граѓани, исцедувајќи ја државната цицка ко дрчни пунолетни новороденчиња. Кога викам на штета на цело мкд пучанство, ондак буквално мислам на сите. И на оние нивни “тврди“ поддржувачи, симпатизери и гласачи на ДПМНЕ…
Уствари, тој дел од таа маса наивни испаднава најголеми губитници од владеењето на режимот на Груевски, само што уште има многу на кои не им текнуе, ти текнуе? Затоа што у биоскопот на заблудата у кој беа стуткани и занесени, се прикажуеше само филмот на режимот. Тие не гледаа други филмои, осим тој што им го пуштаа режимциве. Ги „попрскуева“ со спрејот на најлажниот патриотизам, ги ставаа на страната патриоти а сите други ги прогласуева предавници. Ги потхрануева ко голуби пред ќумез со доручоци на Камени, со брља и суви сендвичи на митинзи, со “квалитетни“ сладоледи у Жена парк убедувајќи ги дека тие се Антички, дека тие се правите, бришејќи им ја историската придобивка на револуционерното движење кое као големи свети букви ги злоупотребуева пред ДПМНЕ, пред чии кама и нагант овие сечеа вени, а се викаше ВМРО. Тие десетина години у тој режим бевме сведоци на многу диктаторски ситуации и настани, на невидена пљачка и башибозук…
Телохранители и полицајци, синои ќерки на фунционери, можеа да праат што сакаат у државава, да прегазуат пешаци на пешачки, да претепуат до смрт на митинзи, да беснеат и да се курчат у кафани, и никој ништо да не им може. Затвараа телевизии со полициска асистенција, више од сто притварања на недужни луѓе, апсења пред камери и ред други слични ситуации преку кои прскаа страв. Кај си смеел јавно да јадеш гомна против тој режим, бе? Го памтиш братот Љубе? Почна да вика гласно “Плови Саша“, и го стрпаа у затвор. Вториот ден пиша писмо у кое јавно се извинуеше за тоа што јадел бурек против братучедот на Режимецот, дека бил наведен од лошо друштво и дека он не мислел така ко што зборуел. Од страв, од што друго. Неисе…
Џабе беше што многу од здравите беа свесни дека стануе збор за утемелен режим у кој и изборите се организираа со тешки фалсификати, закани и присилуења. Секои две години, еј, избори по истиот фалсификаторски терк. И парламентарни и локални и претседателски. Све што у тој период државата доби као избрани функционери, градоначалници, пратеници и на крај Претседател у два мандати, све беше издејствувано со фалсификувани лични карти, пасоши и државјанства, па транспортирање и сместуење на такви искористени души по сто на една адреса, у еден стан, само за да дојдат овде да гласаат. Бомбите кои се појавија, беа само печат на све она што меѓу здравите се претпоставуеше ама немаше простор за до крај да се отвори и искаже. Критичарите на режимската власт на Груевски се суочаваа со медиумски мрак, простор наменет само за уздигнуење на режимот, за нивно чалумење, телевизиски атракции од типот на директните телефонски јавувуења на Груевски од местата на поплавите у Тетово и Скопје, одење пешки на работа со двеста телохранители у цивил распоредени на сите тротоари и улици, договорени дијалози со министрите и градоначалниците, по што овие требаше да се одушевуат од неговата грижа, па сечење ленти на селски чешми и такодаље. Страшни се сеќавањата, еве и док го кажувам ова се накострешувам од тоа време, ама, можда баш затоа не треба да го заборавиме…
И на крај, глеј го сеа чудото. Старата викаше да те ритне ат да не ти е јад, ама магаре… Е баш тие режимски магариња, наследници, кои, уште не се соочиле со лицето на правдата, оние кои овде продужаваат да му ја водат партијата на киднатиот диктатор, сеа рикаат за тоа дека оваа власт, пази, открила криминал со фалсификувани пасоши, со дупли државјанства, со лажни лични карти, криминал у кој биле замешани раководители полицајци и високи чиновници. Абе урлаат на фактот дека не е више онака како што било у нивно време, дека нема више блиски луѓе на власта кои можат да грешат и да не наебат, дека никој не е поштеден од суочавање со правдата, дека никој не е над законот. Е тие, режимците се најгласни за ваквите дешавки, затоа што у нивно време секој можеше да прави што сака, можеше да гази, да тепа, да издава лажни лични карти и пасоши, да пљачка народни пари, без да одговара. Епа нема више така. И пиши доле чичко Ангеле од Чаир…