ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче верува во консензус за законските измени за лекувањето на ковид-пациенти во приватните болници

April 15, 2021 12:44
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче верува дека ќе има консензус од сите политички партии во Собрание во однос на измените Законот за здравствена заштита, со кој ќе се регулираат цените во приватните болници за хостпитализација на болните од Ковид-19.

Измените помина на владина седница завчера, а со нив се дава законско овластување на Владата да определува највисоки цени во приватните болници во висина на референтните цени утврдени од страна на Фондот за здравствено осигурување, со цел услугите на приватните клиники да бидат економски подостапни за граѓаните.

-Искрено верувам дека ќе има консензус за ваков закон во Собранието и дека сите пратеници од сите пратенички групи ќе покажат конструктивност затоа што станува збор за закон во интерес на граѓаните во услови на пандемија, изјави денеска Филипче одговараќи на новинарско прашање.

Во врска со барањата на опозицијата да се рефундираат парите на оние кои се лекувале од Ковид-19 во приватните болници, Филипче напомена дека тоа нема да се случи и додаде дека сите кои се одлучиле на такво лекување го правеле по своја волја, а не затоа што немало место во државните клиники.

-Мора јасно да се знаат неколку работи. Сите пациенти кои досега се лекувале во приватните болници, тоа го правеле по своја волја. Нема ниту пациент на кој му било потребно болничко лекување, а бил пратен во приватна болница затоа што немало место во државните. Места има и сега, имаше и во целокупниот изминат период на менаџирање на кризата. Имаше сосема доволен број слободни болнички кревети, согласно планот за реорганизација и системот на секојдневно менаџирање, истакна министерот за здравство.

Измените на Законот за здравствена заштита, предвидуваат и користење на ресурсите на приватните болници доколку  условите го наложуваат тоа согласно состојбата предизвикана од пандемијата и се забранува преземање на здравствените работници од јавното здравство од страна на приватните здравствени компании. Предвидени се и измени во делот на глобите за прекршоци доколку приватните здравствени установи не постапуваат согласно законските одредби.

извор: МИА

Next Post

Слободен влез во Словенија и за вакцинираните со Спутник В и Џонсон и Џонсон

Shortcut

Најново

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

Тага за сѐ што е живо

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk