ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бесими и Николовски: Нулта толерација за корупцијата и сивата економија за забрзан и одржлив економски развој

April 16, 2021 13:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сивата економија ја поткопува конкурентноста на фирмите и поединците и претставува неправична и незаконска „предност” на оние кои не ги исполнуваат законските обврски, истакнал министерот за финансии Фатмир Бесими, кој заедно со вицепремиерот за борба против корупцијата, криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски разговараа со претставници на бизнис секторот за мерките од Акцискиот план за сузбивање на сивата економија и на планот за сузбивање на корупцијата „Акција 21“.

На состанокот, како што соопшти Министерството за финансии, Бесими оценил дека сивата економија го нарушува интегритетот на целиот даночен систем и влијае штетно врз буџетот и наплатата на приходите. Токму затоа целта на Акцискиот план на Министерството за финансии е во насока на зајакнување на механизмите за сузбивање на сивата економија. 

– Усвојувањето на овој акциски план е резултат на заложбата на државата да ја намали сивата економија, имајќи во предвид дека нема земја каде што сивата економија, како феномен, не постои. Одговорност е на државата да ја подобрува правната и економска околина во која најлесен и најисплатлив начин за развој на бизнисите е легалното работење, водејќи се по принципите на рамоноправност, објективност и транспарентност, преку обезбедување на јасни прописи и правила лесни за следење и почитување, како и обезбедување на санкции за оние кои не ги применуваат и почитуваат, истакнал Бесими.

Акциониот план на Министерството за финансии содржи шест приоритети – унапредување на процесот на следење и детектирање на сивата економија, ефикасни инспекциски служби, подобро деловно опкружување за основање и раст на компаниите, јакнење на свеста за сивата економија, адресирање на сивата економија во е-трговијата и мерки на Царинската управа во борбата против неформалната економија. Со спроведување на мерките и активностите се очекува намалување на сивата економија на среден рок за околу пет процентни поени, која сега се проценува на околу 37 проценти од БДП согласно индикаторите на Меѓународниот монетарен фонд.

Според вицепремиерот Николовски, корупцијата предизвикува несакани последици кои го нарушуваат доброто менаџирање и управување со бизнисите и затоа е важно да се обезбедат услови кои ќе овозможат напредок на бизнисот.

– Корупцијата како општествено лоша појава предизвикува несакани последици кои го нарушуваат доброто менаџирање и управување со бизнисите. Од исклучителна важност е да обезбедиме услови преку системски решенија и закони кои ќе овозможат напредок на бизнисот, кои ќе придонесат за отварање на нови претпријатија,ќе ја зголемуваат трговијата и извозот и кои ќе овозможат отварање на поголем број на работни места за младите генерации кои се нашата иднина, нагласил Николовски.

Од бизнис-заедницата е посочено дека делувањето во насока на решавање на сивата економија и корупцијата е неопходно за градењето на здрав економски систем кој ќе продуцира додаена вредност и економски раст.

На дискусијата, покрај министрите, присуствувале и директорите на Управата за јавни приходи, Царинска управа, Управата за финансиско разузнавање, Финансиската полиција и Девизниот инспекторат, а од бизнис заедницата присутни биле претставници од Стопанската комора, Сојузот на стопански комори, Комората на Северозападна Македонија, Советот на странски инвеститори, Асоцијацијата на компании со технолошко напредно искуство, Делегацијата на германското стопанство, Американската стопанска комора, МАСИТ, МАТТО и Асоцијацијата за е-трговија.

извор: МИА

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Владата ќе продолжи да „претерува“ со почитувањето и обезбедувањето на работничките права и со социјално-економска поддршка на работниците

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk