ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски изгубен во преводот од својот коментар

April 16, 2021 14:12
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Откако утрово по наредба на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција е приведен Драги Рашковски, поранешен генерален секретар на Владата, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, реагира дека требало да се спроведе Рашковски во суд со лисици на рацете.

Снимка од екран од фејсбук-објава од Христијан Мицкоски

Мицкоски се изгуби во преводот од својот коментар. Тој со оваа објава сака да не потсети на спроведувањата и тортурата врз обвинетите, а сè уште не осудени лица, како што беше пракса за време на режимот на неговиот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Што сака да ни порача Мицкоски?

Дека ќе летаат глави на сите страни, ако евентуално некогаш се дочепаат до власт. Дека ќе се изживуваат врз осомничени лица; дека не разликуваат обвинет од осуден; дека манифестацијата на сила е метод на нивно владеење… Што?

И не мора многу да се труди Мицкоски да не’ убедува во тоа. Добро се сеќаваме на нивните „практицирање на правдата“.

Сликите од приведувањето на Љубе Бошкоски не може да се заборават така лесно. Кога буквално му цапаа на врат специјалците пратени од Мијалков. Или она кога ја повторувале сцената од неговото приведување неколку пати оти камерите тоа добро не го фатиле.

Приведувањето на новинарот Кежаровски, може ли да го заборавиме? Во пет часот наутро маскирани специјалци или што ли беа, упаднаа во неговиот семеен дом. Со покажување агресивност и ставање на лисици на рацете и малтретирање на Кежо, а тој не давал никаков отпор при приведувањето. Стравот и траумите што ги преживеале неговата сопруга и тогаш малолетната ќерка може ли да ги претпоставиме?

Како да беше денес се сеќавам на опсадата со оклопни борбени возила и полициските до заби вооружени „желки“ во А1 Телевизија. Како малтретираа и држеа во заложништво новинарки и новинари, па потоа да финишираат со лисици на рацете на сопственикот на А1 ТВ, Велија Рамковски.

На вакви ли приведувања/спроведувања, нè спрема Мицкоски? На ова ли нè потсетува?

Од друга страна, сега навистина е поинаку.

Како што потсетува и новинарката Емилија Лазаревска во својата фејсбук-објава – немаше лисици до правосилност на пресудата при приведувањето на Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мијалков, Камчев, Чавков и други, буквално сите од партијата на Мицкоски.

„Во владеење на ВМРО ДПМНЕ беа театри. Апсења, лисици, со целосна воена опрема упаѓаа по куќи, плашеа семејства… Ќе почекам да видам епилог, но и ова само по себе е нешто различно од порано.“, пишува Лазаревска

Па, не знам што друго би требало да очекуваме од еден ваков Мицкоски и онакво негово ДПМНЕ. Методите на опресија се не својствени за демократски држави и на Мицкоски треба да му е јасно дека таквиот начин на практикување власт е веќе минато. Некој од тие околу него нека го потсети дека времето на баши-бозукот на неговата партија е завршено.

Но, кој ќе го направи тоа, драги мои?
Може ли таква доблест да очекуваме од координаторот на пратеничката група Никола Мицевски, оној незграпен силник кој вчера ја разбркуваше пратеничката од СДСМ Маркоска низ Собрание и не и даваше да говори, или пак од циникот Јанушев кој слушавме како се заканува дека ќе и дели шамари на неговата сопартијка Рангелова?

Од оваа ваква пратеничка багра која наместо да седне во пратенички клупи, се вади на процедури, се изживува и гледа пренос во ходници од Собранието и бескрупулозно стопира закони и пакет-мерки, „живи“ пари кои треба да ги добијат граѓаните и фирмите? Од вакви ли негови нус појави треба да очекуваме дека ќе го вразумат Мицкоски?

Ма дајте ви се молам?!


Текстот е личен став на авторот. Сите права се задржани

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Спасовски-Брнз: Одличната соработка продолжува

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk