ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петтиот сет на антикризни мерки заглавен во собраниските лавиринти

April 16, 2021 19:38
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Петтиот сет државни мерки кој треба да им помогне на економски оператори во поглед на ублажување на негативните ефекти од корона-кризата и денес останува заглавен низ лавиринтите на Собранието. Финансиската инјекција, наменета и за помош на работодавачите во насока на исплаќање на плати кон вработените доцни, со што дел од вработените се уште ги немаат добиено ниту февруарските плати.

Продолжуваат игрите на релација позиција – опозиција и борбата за ситни политички поени врз грбот на оние најпогодените. Предлозите на законите за финансиска поддршка на физичките лица кои вршат самостојна дејност и на работодавачите кои се погодени од здравствено-економската криза остануваат блокирани на агендата на седницата бр. 36 на Собранието. Иако продолжението на седницата беше најавено за вчера, до изгласување на сетот економски мерки не дојде поради отсуството на кворум во салата за пленарни седници. Тројца пратеници од парламентарното мнозинство се наоѓаат во изолација поради позитивен резултат на ковид-19, додека пак, опозиционите пратеници не собраа храброст да се одважат и издигнат над партиските калкулации и решија дека за нив е поисплатливо собраниските случувања да ги проследат на телевизискиот екран непосредно пред салата.

Неодлучноста дали да се продолжи со седницата бр. 32 или прво продолжение да биде она на седницата бр. 36 е следното нешто за кое сведочиме. Многубројните загубени и загрозени работни места, но и огромниот стрес и неизвесност кои постојат кај оние чии претставници треба да бидат пратениците, не беа доволна причина овие мерки да се изгласаат вчера, дури ни по речиси нивно двомесечно задоцнување.

Дури ниту собранискиот спикер, Талат Џафери, на својот препознатлив начин не успеа да воспостави каков-таков ред кај пленумот и неговиот обид да ги собере пратениците во пленарната сала заврши неуспешно.

Дел од опозицијата, обидувајќи се да дефокусира околу наводна слаба кондиција на државниот буџет и немање доволно средства за овие мерки, беше експресно демантирана од страна на премиерот Заев. Тој наведе дека, буџетската каса е доволно исполнета и дека споредбено, мартовските приходи кои доаѓаат преку Управата за јавни приходи и Царинската управа, се дури и повисоки од оние во месец март 2020 година.

Под радарот на вниманието на целокупната јавност продолжува да биде партиското надмудрување помеѓу власта и опозицијата во Парламентот и отсуството на сенс за особено тешката состојба во која се наоѓа стопанството. Дел од граѓаните, очигледно, ќе останат уште некој период без сопствените заработени примања. Додека, пратениците продолжуваат да не потсетуваат како избирачи за пратеничкиот живот „во меур“ и немањето допир со реалноста и ургентноста која постои во моментов за надпартиски и синхронизиран настап околу анти-ковид мерките.

Иван Дургутов

Next Post

На роботот „Инсајт“ на Марс „му е ладно“

Shortcut

Најново

Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk