ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието ги донесе законите од петтиот пакет економски мерки

April 18, 2021 15:59
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието едногласно, со гласовите на мнозинството и опозицијата, ги донесе законите од петтиот пакет економски мерки. Во Собранието присуствуваа и двајца пратеници позитивни на Ковид-19 облечени во скафандери, кои од посебни кабини учествуваа во работатат на законодавниот дом.  „За“ мерките гласаа 113 пратеници, вклучувајќи ја и опозицијата, како и двајцата пратеници од мнозинството, кои гласаа од посебната просторија.

 

За нивното присуство реагираа координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и пратеникот од Левица Димитар Апасиев, кои забележаа дека со присуството на пратениците позитивни на Ковид-19, се кршат прописите предвидени за заштита на здравјето на граѓаните за време на епидемија и се загрозува безбедноста на другите присутни во законодавниот дом.

Мицевски рече дека постои законска регулатива, која важи за сите граѓани, во која што спаѓаат и пратениците.

Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека присуството на пратениците позитивни на Ковид-19 е овозможено согласно протоколот за работа на Парламентот за време на пандемија, односно со дополнување на протоколот.

-Добив дополнување на Протоколот за Ковид-19, според кое, пратениците можат да ја вршат својата функција под одредени услови. Оваа сала овозможува простории во кои изолирано пратениците можат да влезат и излезат од Собранието без да имаат контакт со другите, е процедурата која е обезбедена, рече Џафери.

Мицевски забележа дека не може подзаконски акт да биде повисок од Уставот.

-Вие ги кршите законите. Вие сте предмет на кривична одговорност. И не само вие туку и вработените во МВР кои дозволија во Собранието да шетаат лица позитивни на Ковид-19, кои треба да се во изолација, рече Мицевски.

Пратениците едногласно го донесоа Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, за месеците февруари и март 2021 година, по скратена постапка, потоа Закон за финансиска поддршка на работодавците погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година, по скратена постапка. Собранието го донесе и Предлог на закон за изменување на Законот за данокот на личен доход, по скратена постапка.

Инаку, Владата ја повлече Предлог на одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради заштита од илегална миграција и заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за коронавирусот Ковид-19 и спречување од негово ширење и заради висок ризик и зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија.

Претходно, пратениците ги изгласаа и 21 точка од 32. седница, меѓу кои и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

извор: МИА

Next Post

Корона сновиденија

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk