ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Штрковите не биле убиени во Прилеп, фотографијата е од Турција

April 20, 2021 10:58
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

Фотографијата со угинати штркови, којашто се споделува на социјалните мрежи, не е направена во Прилеп, туку во Турција. Корисници на Твитер од Турција пишуваат дека штрковите се убиени додека мигрирале во областа Чал во Денизли. Истата фотографија од штрковите е објавена и во неколку турски медиуми.

Пост на Фејсбук, преку манипулативна фотографија, шири лажна вест дека штркови биле убиени во Прилеп, што предизвика многу реакции на социјалните мрежи, пишува Вистинометар.мк. Нашата проверка покажа дека фотографијата со штрковите не е од Македонија и дека прилепчани не ги убиле, како што се наведува во објавата.

5000 километри патуваа до тука и некоја будала ги уби. Раката да му се исуши, се вели во текстот на статусот.

Сепак, нашето пребарување на и порталот zemjodelie.mk и на нивната Фејсбук страница покажа дека ваква содржина нема на двете места. Тоа може да значи дека таа или никогаш не била објавена или била избришана. Сепак, ако била накнадно избришана, откако се утврдило дека не станува збор за настан од земјава, ваквата содржина била доволно долго објавена за да биде преземена од други корисници на социјалните мрежи и да стане вирална. Во моментов на рецензијата, овој пост е исклучително вирален и само тој има над 3,5 илјади интеракции.

Веста потоа беше објавена и од некои портали, со наслов „Прилепчани убија штркови“. Во неа нема фотографија, но неа бездруго ја има во постот споделен на Фејсбук страницата на порталот, чиј линк води до написот. Со тоа нема недоумица за кој настан станува збор во веста. Особено што, пак, веста од овој портал е споделена и на други страници, кои ја содржат фотографијата со угинатите штркови, што претставува доказ дека таа е накнадно тргната од порталот од некоја причина. Но, зошто не е тргната само фотографијата, а не и целата вест, како и зошто не е тргнат постот на Фејсбук страницата од порталот, останува нејасно.

На социјалните мрежи е објавена фотографија од убиени штркови во Прилеп. Овие прекрасни птици доаѓаа на пролет во прилепско, посебно во селото Мало Коњари и се вистинка атракција.Тажна беш сликата на угинатите птици легнати беспомпшно на земја, се вели во написот.

Доколку ја пребарате фотографијата на Гугл, ќе видите дека таа се појавува на Твитер на 04.04.2021 година, каде корисници од Турција ја споделуваат, информирајќи дека штрковите се убиени додека мигрирале во областа Чал во Денизли.

Фотографијата од штрковите се појавува и во неколку труски медиуми во април (тука, тука, тука).

Од сето ова може да се заклучи дека штрковите прикажани на фотографијата се убиени во Турција, а не во Прилеп.

Ваквите објави преку лажни и непроверени фотографии можат лесно да ја доведат во заблуда јавноста и да предизвикаат негативни реакции, како во овој случај каде што имаше бројни негативни реакции кон „немилосрдните прилепчани“. Затоа, пред да се објави некоја фотографија мора внимателно да се провери од каде е истата, за да не се шират дезинформации.

 

Next Post
ФОТО: МИА

Виенски институт за меѓународни економски студии: Северна Македонија бележи „прилив на мозоци“

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk