ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Дебата: Цената за спас на планетата треба сите подеднакво да ја понесеме, без разлика дали сме мали или големи

April 21, 2021 16:32
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Битката со климата е сега и тука. Повеќе немаме време за подготовка и затоа мора да делуваме сега и решително. Токму затоа дадовме поддршка за усвојување на националните документи кои даваат патоказ за тоа како ќе делуваме во периодот кој следи.

Ова го истакна вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на онлајн настанопт „Дискусија за националната подготовка за учество на Конференцијата COP 26 во Глазгов“, на кој ќе учествуваа и министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и амбасадорите на САД, Кејт Мери Брнз, на Обединето Кралство Рејчел Галовеј и на Република Италија, Андреа Силвестри.

Тоа се, додаде тој, националната стратегија за енергетика до 2040 година која ги интегрира постулатите на клима и одржлив развој, третиот Двогодишен ажуриран извештај за клима, што неодамна го усвоивме како и ревидираните национални придонеси. Во процес на финализирање се и програмата за имплементација на стратегијата за енергетика, Националниот план за енергетика и клима, но и законот за долгорочна стратегија за клима. При подготовка на овие документи направени се анализи кои се детални и усогласени со Зеленото сценарио, кое предвидува засилена амбиција во процесот на справување со климатските промени, а тоа значи намалување на емисиите на стакленички гасови, зголемување на произведството на електрична енергија од обновливи извори на енергија и зголемена енергетска ефикасност.

Сите овие документи, нагласи Битиќи. се во релација со Европската зелена агенда и Зелената агенда на Западен Балкан. Ова само дополнително ни дава поттик дека политиките што ги носиме се во согласност со барањата на ЕУ. За нашите граѓани ова значи отворање можности за заштеда на енергија преку засилени мерки за субвенционирање на енергетски ефикасни уреди и опрема како за домаќинствата така и за јавниот сектор. Ќе се отворат нови работни места т.н. зелени работни места во повеќе сектори, ќе ги засилиме напорите за намалување на стакленичките гасови преку воведување на нови технологии кои се еколошки прифатливи и диверзификација на изворите на енергија, која е една од придобивките.

-Нам ни претстои период на промени во однесувањето и во прифаќањето на новите предизвици кои стануваат дел од нашите секојдневие. Треба да прифатиме дека цената за спас на планетата треба сите подеднакво да ја понесеме, без разлика дали сме мали или големи. Не само Владите туку и приватниот сектор, граѓаните, граѓанскиот сектор, рече Битиќи и нагласи дека во процесот за справцување со климатските промени една од можностите е и Зелениот климатски фонд со кој земјава работи за постигнување на целите во борбата против климатските пормени на повеќе полиња.

Амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз, рече дека во САД секоја година трошат милијарди долари само за расчистување по бурите, а само минатата година тоа ги чинело околу 55 милиони долари.

-Ние мора да инвестираме во справување со овие работи а не во нивно расчистување затоа дискутираме за климатската криза. Потребни се заеднички напори да се намалат стакленичките гасови. Се приклучивме кон Парискиот договор и кон националните придонеси. Сакаме САД да тргне на пат каде ќе има нула емисија на стакленички гасови. Сакаме да се справиме со  климатската криза дома, но и преку границите затоа ни се потребни сите, затоа ни се потребни партнери, нагласи таа

Таа посочи дека се С Македонија ги поднесе своите национални придонеси минатата недела и тие се, вели, поамбициозни од првите поднесени пред неколку години, што посебно го ценат, а  партнери имаат во институциите, во приватниот сектрор, со кои ќе работиме.

– За САД климатските промени се во центарот на активностите и ние ги охрабруваме и другите земји да го направат истото. Утре неколкумина од светските лидери ќе се приклучат на самитот на лидери за да дискутираат како да се справиме во иднина. Ова е можност државите да ги проценат своите амбиции  да се справат со климатските промени, рече амбасадорката Брнз.

Амбасадорката на Обединетото Кралство,  Рејчел Галовеј, посочи дека нејзината земја и Глазгов како домаќин во ноември на Конференцијата за климатски промени ЦОП 26, сакаат да бидат пример, да ја намалат емисијата на стакленичките гасови што е можно повеќе, односно над 70 проценти до 2035 година. Таа и честиташе на С Македонија за како што рече, амбициозните цели на ревидираните национални придонеси кон Договорот од Париз и нивната посветеност за намалување на стакленичките гасови.

-Сите ние правиме навистина голем напредок, треба нашите амбиции да ги претвориме во дејства и да продолжиме со динамиката која досега ја остваруваме. Сите сме потребни за да ја заштитиме нашата планета за идните генерации, порача Галовеј.

Дискусијата се одржува спроти самитот на лидери организиран од претседателот на САД Џо Бајден чија цел е да ја зацврсти заложбата на земјите во процесот на справување со климатската криза, како и во пресрет на Денот на планетата Земја 22 април и во рамки на активностите на Неделата на планетата Земја која е во организација на МЖСПП. 

извор: МИА

Next Post

Белата куќа: САД оваа недела ќе ја постигнат целта за 200 милиони дози вакцини

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk