ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Имаме изготвено сертификат со кој вакцинираните граѓани ќе можат да патуваат во Грција

April 22, 2021 08:54
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вчерашното интервју на телевизија Сител посочи дека нашата држава веќе има изготвено сертификат, по насоки на ЕУ, со посебен код кој ќе послужи на граѓаните да патуваат во Грција, откако тамошните власти ќе донесат и официјална одлука за тоа. Според најавите кои Филипче ги доби од грчкиот министер за туризам Теохарис тоа се очекува да се случи на 14 мај. Освен сертификат за вакцинација, граѓаните кои не се вакцинирани ќе може да патуваат и со потврда за негативен ПЦР тест кој може да го напратва во една од 20 те лаборатории кои имаат дозвола од Министерството за здравство.

-Тоа што би требало да се бара при премин на границите се потврда или за примена вакцина за што ние имаме спремна потврда со соодветен код, кој ќе биде прифатен на сите гранични премини. Тој сертификат е подготвен и на почеток на следната недела веќе во понеделник ќе се издава ретроактивно на сите лица кои се ревакцинирани. Доколку граѓаните не се вакцинирани, вториот услов е негативен ПЦР тест. Ние имаме листа од 20 тина овластени лаборатории кои стручната Комисија на МЗ и дел од Комисијата за заразни болести утврдиле дека работат во соодветни стандарди и тие лаборатории со издаден ПЦР тест, се разбира  доколку е тој негативен, граѓаните ќе имаат можност да влезат во Грција. Сега чекаме и официјална потврда, а секако ја следиме и епидемиолошката состојба – изјави Филипче

Дали со една доза на вакцината Астра Зенека ќе може да се патува во странство, министерот посочи дека таква одлука се уште нема, но таква одлука има и така функционира Велика Британија.

-Таа тоа го дозволи поради две работи, прво за пократко време да бидат вакцинирани што поголем број граѓани, но во исто време потврдувајќи дека само една доза создава сосема доволна количина на антитела и веќе 2-3 недели после вакцинацијата граѓаните се целосно заштитени – рече министерот.

Филипче истакна дека тоа што ќе ја смени сликата во однос на динамиката и на вакцинирање во Скопје и во другите градови е големата количина на вакцини од Кина што треба да стигне до крајот на месецов, како и дополнителните капацитети, односно спортските сали кои веќе се подготвуваат во 6 градови во државата каде ќе се спроведува масовна имунизација.

-Кинеската вакцини која според најавите очекуваме да стигне на 28 април тоа се 200 000 дози и тоа е нешто што точно знаеме како ќе се подели, како ќе се дистрибуира и кој ќе биде начинот на регрутирање на граѓаните кои ќе се вакцинираат и како ќе се спроведува процесот на имунизација. Капацитетот е некаде околу 10.000 некалкулирајќи ги спортските сали кои сега ги подготвуваме во неколку градови и кои треба да се подготвени до крај на оваа недела. Тоа се спортски сали во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола каде на ист принцип како во салата Борис Трајковски, вработените или дел од вработените во здравствените домови и центрите за јавно здравје на повеќе пунктови од тоа што го дозволува моменталната конфигурација на здравствените домови ќе може да вакцинираат поголема бројка на граѓани – рече Филипче.

Во врска со престојните верски празници и какви мерки ќе има, Филипче посочи дека како и досега единствен критериум врз кој ќе се димензионираат и препорачуваат мерките ќе биде основниот принцип на заштита на здравјето на граѓаните.

-Состојбата со вирусот се смирува, епидемиолошката крива спласнува практично е парабола еднаква или скоро еднаква на она што беше епидемиолошка крива во месец ноември и декември лани. Тоа го гледаме по бројот на новодијагностицирани случаи, веќе повеќе денови по ред се намалуваат. Спласнува притисокот врз болниците, иако не се целосно ослободени голем број на одделенија, кои беа дополнително ангажирани да третираат ковид пациенти, не само во Скопје туку и низ болниците ширум државата. Зошто? Бидејќи има голема бројка на дијагностицирани пациенти кои согласно карактеристиките на овој бран, а тоа е дека влошувањата настапуваат нешто покасно во текот на болеста, но и дека има нешто потешка клиничка слика, и дека процентот на хоспитализации споредено со процентот лани е поголем 12 до 13% наспроти 7 % сепак има собрано една соодветна бројка на пациенти кои може и во следниот период да побараат болничка нега. Што значи дека циклусот на ослободување на болничките капацитети доаѓа 2-3 недели после намалувањето на бројките. Како и секогаш до сега единствен критериум врз кој ќе се димензионираат и препорачуваат мерките ќе биде основниот принцип на заштита на здравјето на граѓаните. Веќе на почеток на оваа недела најавивме дека ако продолжат овие трендови угостителските објекти ќе може да се вратат во функција, под посебни услови, да се скрати полицискиот час за 1 час, а во текот на следната недела повторно согласно бројките, согласно притисокот за прием на пацинети кон болниците да одлучуваме како и какви мерки ќе носиме понатаму – рече Филипче.

Министерот истакна дека на средбата со верскте лидери упатил апел, да апелираат до верниците да ги почитуваат мерките за време на посета на верските објекти.

-Имав средба со двајцата верски лидери и на МПЦ и на ИВЗ, апелирав да апелираат до верниците да се почитуваат мерките. И сега во црквите одат луѓе, се разбира дека за Велигден концентрацијата на луѓе ќе биде многу поголема, и сега има собири во џамиите, свесни се и тоа го прават и сега не дозволуваат голема концентрација на луѓе како и задолжително носење на маска. Весрките лидери земаа обврска се што може како служба се прави надвор од храмовите, пред храмовите тоа да го направат . Но, какви ќе бидат мерките и препораките во пресрет на Велигден, за време на празникот одлука ќе донесеме во текот на следната недела – рече Филипче.

Next Post

Царовска: Обезбедуваме стипендии од 3.500 денари за дуалните паралелки

Shortcut

Најново

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk