ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

За Латас и компанија сите новинари се „зомби“, сем тие кои се на „другата страна“

April 22, 2021 19:25
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЕРОЛ ШАЌИРИ

Секоја чест на Алфа, барем насловот им е погоден како на никоја дебатна емисија на овие простори, „Заспиј ако можеш“, неколку минути и гарантирано нема да заспиеш цела вечер.

Денешен гостин Латас кој меѓу многуте небулози и невистини го кажа и следново: „Во време на Груевски Македонија на World Press Freedom Index беше на 34-то место, а денес власта се фали дека се подобрила за две места во однос на лани и сега е на 90-то место“. Сака Латас и компанија да кажат дека сега се медиумите заробени, дека сите новинари се „зомби“ како вели тој сем тие кои се на другата страна, која е таа друга страна не знам? Јас мислев дека новинарите треба да бидат на една страна единствено, на страната на вистината. Понатаму Латас како реторичко прашање рече „замислете Борјан Јовановски за време А1 да го уапсеа“? А зошто на пример требаше Борјан да биде уапсен, тоа не кажа. Заборави исто да каже дека на Борјан во време на Груевски со поворка дома пред семејството му испратија мртвачки венец (по грозоморно нешто се нема случено), заборави да каже дека во тоа време на Тричко џипот го дигнаа во воздух, на Ордановски му влагаа дома, Кежо го ставија во затвор, ја затворија највлијателната телевизија во тоа време А1, го уништија највлијателниот печатен медиум Утрински Весник, а и заборави да каже дека сите до еден новинар беа масовно прислушкувани.

Да се вратиме на индексот, нешто што исто така заборавија да го споменат. Точно дека 2009 бевме на 34-то место, но знаете на кое бевме во 2014 на пример, на 123-то, на сто дваесет и трето, пад од неверојатни 89 места во тоа време на Груевски кое го земаа за споредба. Во прилог ранкингот за последните 20 години, погледнете го патернот и сами проценете.

Што се однесува пак до моменталниот ранкинг, тој е исто така катастрофален но барем има тенденција на подобрување, ако тежнееме кон слободно новинарство како се декларираме мора да се вратиме некаде помеѓу 30-40 место, веднаш зад развиените светски демократии кои не верувам дека некогаш ќе ги стигнеме.

Да ти се згади и професија и се…

2003 – 52, 2004 – 49, 2005 – 43, 2006 – 46, 2007 – 36, 2008 – 42, 2009 – 34, 2010 – 68, 2011 – 94, 2012 – 94, 2013 116, 2014 – 123, 2015 – 117, 2016 – 118, 2017 – 111, 2018 – 109, 2019 – 95, 2020 – 92, 2021 – 90.


Текстот е личен став на авторот

 

Next Post
ФОТО: МИА

Премиерот Заев и министрите Бектеши и Нуредини: Фотоволтаичната централа во Теново завршена пред рок, со засилено темпо ги зголемуваме инвестициите во обновливи извори

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk