ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Бубев со повик за соработка до струмичките актери – Имаме заедничка обврска кон граѓаните

April 25, 2021 22:26
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Центарот за култура од Струмица Васил Бубев ги повикува вработените од установата од драмскиот сектор да седнат заедно, да разговараат и да бараат и најдат решение за сите предизвици, преку дијалог и меѓусебна почит, а заради одговорноста кон граѓаните.

-Како директор на НУЦК Антон Панов од Струмица, избран на официјален конкурс, со целосна  законска постапка, веќе втор месец ја носам и моралната и законската одговорност за функционирањето на институцијата, за реализирањето на нејзината програма и за остварувањето на мисијата која сите вработени, со професионални договори ја имаме. Институцијата постои за да ги остварува културните права и потреби на граѓаните и квалитетот на културниот живот на струмичани и се наша заедничка должност и обврска, наведува Бубев.

Затоа, додава, заради нашата одговорност кон граѓаните, ги повикувам вработените во установата од драмскиот сектор, нашите струмички актер, да седнеме на заедно, да разговараме, да сe ислушаме, да бараме и да најдеме решенија за сите предизвици и дилеми, преку дијалог и меѓусебна почит.

Во објавата вели дека неговата идеја и јасна заложба е да постигнеме соработка со сите инволвирани при изготвувањата на проектите и со тоа да овозможиме успешно реализирање на проекти коишто ќе бидат масовно и позитивно прифатени од локалната публика, а со тоа и понудени и пошироко на публиката во државата па и на меѓународно ниво.

-Ако се посветиме и разбереме, сигурен сум дека ќе создадеме и ќе изведеме културна програма, репертоар и културни настани во сите дејности, коишто ќе бидат гордост на сите струмичани, вели Бубев.

Тој додава дека како матична културна институција која го покрива севкупниот културен живот, со  неработење им ускратуваат многу радост и услуги на разните категории граѓани кои секојдневно живеат со институцијата и нејзините програми. -Ние сме, потенцира, секогаш отворени и за аматерските групи, ансамблите и сите други културни иницијативи и проекти.

-Јас останувам посветен на приоритетната потреба за реконструкција на објектот, за подобрување на просторните, техничките, инфраструктурните и сите други услови за непречено функционирање и развој на институцијата. Но, репертоарот и програмата, вклученоста на институцијата во разни уметнички и културни проекти и иницијативи, ќе ја создаваме заедно, а примарна улога тука ќе имаат уметничките раководители, ансамблот и сите вработени, почитувајќи ги нивните капацитети, познавања и автономија.

Секако имаме обврска да ги вклучиме и граѓаните, граѓанските здруженија, независните културни работници и сите коишто имаат потреба, задоволство и енергија да творат во културата, вели директорот на Националната установа Центар за Култура Васил Бубев.

Истакнува дека со своето несебично залагање сака заеднички да ја постигнат таа цел и ги повикува на соработка, оти, како што наведува, тоа е наша должност пред струмичани.

извор: МИА
Next Post

Заев: Го усвоивме Планот за дигитализација на судството

Shortcut

Најново

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

June 17, 2026

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

June 17, 2026

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk