ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Отворен повик за изработка, објава и промоција на современи драмски текстови од млади автори

April 25, 2021 17:31
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Театарот во креативни индустрии 2021: Скопските шепоти, крици и драматизирања!  објави отворен повик за изработка, објава и промоција на шест современи драмски текстови на млади автори, млади драмски автори на возраст од 18 до 29 години. Рокот за пријавување е до 15 јуни.

Повикот е наменет за млади авторки и автори кои создаваат и имаат потреба нивните дела да бидат објавени и инсценирани; невработени или самовработени автори/авторки; авторки/автори во подем со професионално искуство или без професионално  искуство вон студиите; студенти од ФДУ Скопје, Прима Скопје; студенти од сите државни и приватни универзитети акредитирани во државава кои се активни и во уметничките области; наши студенти кои студираат на уметнички и драмски академии надвор од државава. Целта е видливост и шанса за младите автори, новите генерации на драмски автори.

–Кога учествуваме на разни регионални – балкански и екс југословенски програми за размена на искуствата во современата театарска, драмска и сценска продукција и афирмирањето на истата, честопати се соочуваме со реакции од страна на нашите екс југословенски колеги кои велат и споделуваат забелешки дека во последните 40 години тие знаат само за Горан Стефановски и Дејан Дуковски, како за најдобрите и очигледно единствените драмски автори од Македонија. Ваквата состојба на нештата укажува на неприродност во континуитетот на развојот на драмското пишување кај нас, за немањето однос кон појавата, развојот, следењето, афирмирањето на новите генерации драмски автори-драматурзи; како и ретката можност  новите драмски автори – нивните дела да бидат сценски поставени. Очигледно е дека вината за невидливиот континуитет на современата драма во Македонија, ја делиме неколку(мина) фактори – образовните институции, театрите и  режисерите, културната политика.  За среќа ваквата состојба почнува пополека,  но надежно да се поместува и менува, велат од Македонскиот центар ИТИ/продукција.

Стручен тим ќе направи избор од шест највпечатливи современи драмски текстови, ќе ги објави во формат на електронска книга со пропратна локална и меѓународна дигитална промоција, ќе обезбеди авторски примероци  за авторите, ќе исплати скромен хонорар за селектираните автори преку авторска агенција, ќе ги препорача на програмските тимови во театрите и фестивалите за сценски уметности во Македонија.   

Можат да аплицираат лица на возраст од 18 до 29 години кои имаат лична карта и своја сметка во банка (во пријавата тие треба да испратат скенирана или фотографирана копија од лична карта). Тие треба да испратат кратка биографија со промотивна фотографија на македонски јазик и/или англиски јазик (Во ворд) и минимум еден авторски драмски текст или максимум три авторски драмски текстови (драмските текстови може да се напишани во периодот од 2010 година до 2021 година (да не се објавени во друга книга/е-книга) или да се новосоздадени во периодот на овој отворен повик.

Темите, жанровите  и стиловите за драмските текстови се слободни. Драмските текстови треба да се напишани на македонски и / или англиски јазик.

Формат:  Ворд документ; големина на фонт 11 или 12; стил на фонт:  Тајмс њу роман – кирилица за македонски/латиница за англиски, Калибри – кирилица за македонски/латиница за англиски или Ариел – кирилица за македонски/латиница за англиски јазик. (*оваа техничка насока важи и за вашите кратки професионални биографии). Драмските текстови со назнака – Пријава на отворен повик за драмски текстови треба да се испратат на контакт -меилот  macedoniancenterofiti@gmail.com

Иницијатор и организатор на проектот е Македонски центар ИТИ/Продукција, под покровителство на Град Скопје. 

извор: МИА

Next Post

Попладневен преглед: Опозицијата во одбрана на насилство, Мицкоски под транспарент за Игор Југ

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk