Финансиска поддршка за музичарите и туристичките водичи, за категоризираните туристички агенции, како и бесплатни ПЦР тестови за странските туристи, предвидуваат мерките од Шестиот економски пакет на Владата за најпогодениот угостителско – туристичкиот сектор од кризата предизвикана од пандемијата, пишува на фејсбук профилот премиерот Зоран Заев.
Додека цел свет протестира против насилство, ВМРО-ДПМНЕ денеска протестира за одбрана на насилство и одбрана на насилниците од 27 април. ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски останува на браникот на криминалот, насилството, на страната на режимот.
Денеска пратениците од Битола, наместо зад правдата и зад граѓаните, застанаа зад лица осудени за тероризам. Денеска пратениците Силвана Ангелевска и Олга Лазаревска, заедно со нивниот шеф Христијан Мицкоски ги испорачуваат нарачаките кои стигнаа од Будмипешта – да бранат криминал и криминалци
Нештата ни се даваат само ако умееме да ги загубиме такви какви што ни се дадени, за да ја вратиме вистината од која се раѓаме раздвоени. Според Хусерл тоа може да се оствари само ако се пополни јазот меѓу проживеаното во свеста и објектот. На нашиот приземен терен, тоа би значело: Меѓу Македонците и Македонија.
Старо ВМРО-ДПМНЕ, стара песна остатоци од мрачното минато денеска излегоа на улица, го славеа насилството и режимот со истата хушкачка реторика, со истата насилничка кореографија од пред четири години и со прекршување на протоколите за заштита од ковид 19.
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно застанаа зад насилството, зад осудените насилници. Луѓето кои вооружени, жедни за крв упаднаа насилно во Собранието на 27 април, кои пред камери се обидоа да убијат пратеници, денеска ВМРО-ДПМНЕ ги нарекува чесни луѓе и уставобранители. Денеска пратениците од ВМРО-ДПМНЕ наместо зад правдата, зад граѓаните, застанаа зад лица осудени за тероризам. Денеска пратениците од Прилеп, Ане Лашкоска и Петар Ристески заедно со нивниот шеф Христијан Мицкоски ги испорачуваат нарачаките кои стигнаа од Будмипешта – да бранат криминал и криминалци.
Изминуваат четири години од насилниот упад на демонстрантите во парламентот кога група граѓани со намера да спречи легитимен избор на претседател на парламентот за малку ќе извршеше физичка ликвидација на неколкумина пратеници, а во опасност го доведе и животот на новинарите.
Состојбата со епидемијата бележи надолен тренд, мерките дадоа резултати. Сепак, искуството ни покажа дека таа многу брзо може да се дестабилизира доколку не се почитуваат мерките. Пред нас следат празници, слободни денови и убаво време. Да ги искористиме одговорно, да не се групираме и да не ги кршиме мерките за заштита, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.