ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Холандски лалиња за здравствените работници во Скопје за одбележување на националниот празник – Денот на Кралот

April 26, 2021 18:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод роденденот на Неговото Височество Кралот Вилем Александар – Денот на Кралот, Амбасадата на Кралството Холандија обезбеди симболичен подарок за Итната медицинска помош, Геронтолошкиот завод и основното училиште „Св. Кирил и Методиј“.

Како што соопштија од Холандската амбасада, повеќе од 1500 лалиња и 600 книги од холандски автори преведени на македонски и албански јазик беа доставени до здравствените работници, старите лица, наставниците и учениците во овие три јавни институции.

Поради пандемијата со Ковид-19 не бевме во можност да го одбележиме Денот на Кралот оваа година. Наместо тоа, би сакале да покажеме длабока благодарност до здравствените
работници и наставниците за извонредниот напор што го вложуваат во овие исклучителни околности. Се надевам дека нашите холандски лалиња барем малку ќе го разубават нивнот
ден, изјави вршителот на должност амбасадор Роберт Декер, кој ги предаде подароците на директорката на Итната медицинска помош д-р. Милица Бубало, директорката на
Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 ноември“ д-р. Салија Љатиф Петрушовска и директорката на основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ Соња Кирковска.

Денот на Кралот во Холандија се прославува со многу улични забави, детски игри и пазари на отворено, а Кралот и неговото семејство секоја година патуваат на различно место во Холандија за да го прослават празникот со локалното население

Оваа година, сите чествувања на Денот на Кралот беа откажани поради Ковид-19, а кралот ќе го прослави својот роденден онлајн од Техничкиот кампус во Анјдховен, холандскиот град на дизајнот, се наведува во соопштението.

извор: МИА
Next Post

Француски „Санофи“ ќе и помогне на „Модерна“ во производството на вакцината

Shortcut

Најново

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

June 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk