ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

НУК со Иницијатива до Народната банка за менување на законските прописи

April 26, 2021 09:59
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Независната угостителска комора (НУК) достави Иницијатива до Народната банка за промена на законските акти и прописи со што ќе им се дозволи на комерцијалните банки да извршат делумно отпишување на обврските за угостителската индустрија, намалување на каматите на кредитите и репрограмирање на сите доспеани обврски (кредити, рати и камати) заклучно со 30 април 2021 година, заедно со обврските кои ќе настанат во периодот до 30 април 2022 година.

Според НУК, банките во моментов поради постојната законска регулатива не се во можност самостојно да излезат во пресрет на потребите на угостителската индустрија и да направат дополнителни одлагања на обврските односно репрограмирање на доспеаните долгови по основ на користени кредити.

-Очекуваме во најбрз рок да предложите и изработите системски решенија и правни акти со кои ќе им дозволите и ќе им препорачате на сите банки да извршат делумно отпишување на обврските, намалување на каматите на кредитите за угостителската индустрија и репрограмирање на сите доспеани обврски (кредити, рати и камати) заклучно со 30 април 2021 година заедно со обврските кои ќе настанат во периодот до 30 април 2022 година за една година со што ќе се овозможи на угостителите кои тонат во обврски да можат да се реструктуираат и да ја вратат својата финансиска кондиција како би се створиле услови да ги подмируваат редовно обврските кон добавувачите, вработените и банките, се наведува во Иницијативата испратена електронски до гувернерката Ангеловска-Бежовска.

НУК очекува Ангеловска-Бежовска да ги покани на работна средба на која детално би биле
образложени потребите на угостителската индустрија.

-Веќе подолго од година дена соочени со пандемијата Ковид-19 угостителите, угостителските
работници и целокупната угостителска индустрија трпи енормни загуби и штети. Поради забраните и
ограничувањата на работното време, како и посебните препораки и протоколи за работа поголемиот дел на угостители не се во можност да остварат доволно приходи со кои можат навремено и целосно да ги подмират своите обврски вклучувајќи ги и инвестициските обврски за кои угостителите се корисници на краткорочни и долгорочни кредити во повеќе македонски банки во износ на скоро 100 милиони евра. Покрај угостителите и угостителските работници имаат преполовени или се останати целосно без своите редовни приходи, пишува претседателот на НУК, Здравко Јосифовски.

Јосифовски додава дека во изминатиот период дел од банките излегоа со парцијални решенија за репрограмирање на обврските на угостителите и угостителските работници.

-За жал, никој од нас не очекуваше дека КОВИД-пандемијата ќе трае толку долго за што понудените периоди на одлагање на доспеаните обврски и нивното репрограмирање истекоа. Голем дел од нас се во ситуација од ликвидни и солидни да станат неликвидни фирми, со зголемени обврски по разни основи, вклучувајќи ги и обврските по основа на користени краткорочни и долгорочни кредити, наведува Јосифовски. 

извор: МИА

Next Post

„Вакцините нè доближуваат“ – Европска недела на имунизација

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk