ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Избравме соодветен, праведен и правичен модел за да му помогнеме на туристичко-угостителскиот сектор

April 27, 2021 12:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од 17,8 милиони евра, колку што тежи шестиот пакет на економски мерки, само за угостителството се предвидени 9,9 милиони евра и сметаме дека тоа е соодветен, праведен и правичен модел кој го избравме за да му помогнеме на туристичко угостителскиот сектор, оцени денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

– Моделот го засноваме на тоа што сите сме посеале. Ако во 2019 и 2020 година компаниите уживаа во неформалната економија, а денеска бараат помош од државата, за жал не можеме да одговориме. Но, сите кои соодветно постапувале и оперирале ќе добијат соодветна помош според моделот кој  го креиравме – компензација на дел од приходите и компензација на дел од плата за секој вработен, рече Битиќи во одговор на прашање по пуштањето во употреба на фабриката на германската компанија „Гересхајмер“ во ТИРЗ Скопје 2 во Бунарџик.

Тој нагласи дека и досега се среќавал со претставници на Туристичко-угостителската комора, а и пак ќе се види со нив за да разговара.

– Мораме да сфатиме дека и во период на криза треба да се обидеме да креираме систем кој е одржлив и кој ќе даде дополнителни позитивни ефекти на среден рок. Сметам дека овој модел еднаш за секогаш ќе ги исфилтрира тие кои заслужуваат да добијат помош, а  за тие што помалку заслужуваат се надевам дека ќе ги опфатиме со другите тековни програми со кои работиме на сузбивање на сивата економија, на зголемување на вработливоста, рече Битиќи.

Вицепремиерот нагласи дека во развојот и креирањето на политиките има два пристапа од кои првиот е, како што рече, една капа за сите, а вториот е скроена капа за различни.

– Ние креираме скроени модели и политики за одредените категории на угостители, прецизира Битиќи.

извор: МИА

Next Post

Светска банка: Следната година македонската економија ќе се врати на ниво како пред пандемијата

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk