ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска: Опозицијата 12 години имаше можност да го покаже својот капацитет за раководење со образованието

April 28, 2021 14:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Навистина сум задоволна од тоа што ВМРО-ДПМНЕ е многу загрижено и заинтересирано за образование. Посебно тоа што 12 години имаше можност да го покаже својот капацитет за раководење со образованието. Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука Мила Царовска на денешната седница на која се поставуваат пратенички прашања.

Одговарајќи на пратеничко прашање од Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ за Предлог-законот за учебници, зошто нема јавна расправа и дали постепено ќе се укинуваат печатените учебници, Царовска укажа дека во минатото имало мал напредок кај нашите ученици, двапати под меѓународниот стандард.

-Тоа е вашиот кредибилитет за да може да зборувате за образование и за дебата. Сепак, јас дискутирам, дебатирам, објаснувам за граѓаните, не за вас, зошто вие знаете дека ова оди во насока на подобрување на образованието, рече Царовска.

Министерката Царовска потсети на проектот „Компјутер за секое дете“ кој, како што рече, чинеше милионски суми, никогаш неупотребени јавни пари, со извештај од Државен завод за ревизија во кој јасно се прикажува дека голем дел од уредите недостасуваат. Нагласи дека сега има дебата за образование како што никогаш немало таква дебата.

-Во ова Собрание имавте можност да дискутирате за новата концепција за основно образование, која јасно ги позиционира овие законски решенија. Вие одлучивте да не ја прочитате концепцијата, толку од вашиот капацитет и да дискутирате само за историја како тема, рече Царовска. Додаде дека во концепцијата јасно се покажани позициите за воведување дигитализација во образовниот систем.

Според неа, она што го прави опозицијата во последните три дена со манипулација на родителите, наставниците и на учениците е, како што рече, страшно. – И токму затоа денеска добивте шамар од Сојузот на средношколци кои Ви кажаа дека тоа не е организирано од кај нив и дека треба да внимавате со злоупотребата на учениците во партиски цели, рече Царовска.

Значајно е, укажа таа, дека во ова законско решение сите граѓани добиваат можност да изберат печатени, дигитални, но не дигитални како што вие ги замислувате како пдф верзија, која може да ја најдете и сега на е-учебници. Додаде дека се работи за дигитални учебници кои со мулти содржина во себе.

Според неа, на тој начин ќе успееме да ги доближиме содржините до новата генерација ученици кои живеат во дигитален свет.

Министерката Царовска се осврна на темата еднаквост и раслојување на општеството и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ со години ги држеше најсиромашните граѓани или 30 отсто, двапати под линијата на сиромаштија со 1.400 денари социјална парична помош. Посочи дека беше воведен проектот „Трето дете“ место детски образовен додаток што, како што рече, го воведе оваа Влада и МТСП, кои воведоа и образовен и детски додаток за повеќе од 40.000 деца во државата.

Царовска рече дека и денес некои од учениците имаат само книга и ништо друго, а другите имаат и книга, лап-топ, таблет и пристап до сите ресурси и праша како се еднакви со книгата. Образложи дека ако некој никогаш не бил изложен на дигитализација, која ќе му биде потребна во иднина, сега да биде изложен и да биде подготвен за она што следува во дигитализирано време.

Министерката за образование и наука рече дека термин укинување не постои и оти во законот првпат се гарантира пристап до аудио верзија, верзија од Брајово писмо, дигитална колаборативна верзија и печатен учебник. Додаде дека се работи за комбиниран пристап и оти тоа не е ништо ново во светот. Прашана дека законот е со европско знаменце, Царовска ги прочита и документите кои се цитирани од Секретаријатот за европски прашања.

Заменик-координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска реагираше за дел од одговорот на министерката Царовска, повикувајќи се на членови од Деловникот за работа на Собранието.

-Нашиот капацитет го оценуваат граѓаните на избори, за Вашиот просведочивте денес со вашиот однос кон нас, рече Стојаноска, додавајќи дека токму пратениците со нивниот капацитет влегле во Собранието и ја избрале министерката. Според неа, Царовска е должна да ги слушне пратениците зошто тие се гласот на народот. Стојаноска смета дека Царовска не заслужува да биде министерка за образование и наука и така да се однесува кон пратениците и законодавниот дом. Ова, како што рече, е срамен чин за една министерка за образование на држава која цели да има европско образование.

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски укажа дека пратеничката Стојаноска го крши Деловникот и ја злоупотребува говорницата, а укажа и на недолично однесување на еден од пратениците, без да го спомене неговото име. Посочи и на тоа дека ја опоменал министерката при одговарањето и стриктно да се држи до темата и до поставеното прашање.

На почетокот на седницата, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски информира дека има преглед на 14 писмени пратенички прашања и додаде дека подолг временски период се уште немаат добиено одговор од министрите од Владата. Додаде дека некои од прашањата се од јануари 2021 година, а од 14 писмени пратенички прашања, седум се од опозицијата, а седум од власта.

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски рече дека врз основа на неговото долгогодишно искуство во Парламентот може да се пофали Владата во однос на пратеничките прашања и се согласи со Мицевски дека Владата има обврска да го испочитува Деловникот и на време да доставува одговори, и на писмените и на усните прашања.

извор: МИА

Next Post

Османи-Клус: Словачка активно ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија

EVN

НАЈНОВО

Тимоти Редмонд и Даглас Маринер со 30 млади европски музичари на 17 февруари во Македонската филхармонија

February 13, 2026

Димитријевиќ: Власта нема допир со реалноста како живее едно семејство, арогантно одбива да ги покачи платите

February 13, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Македонија ќе ги укине царините за американските производи, САД задржуваат 15% за македонските и нулта тарифа за некои производи

February 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Снимено излетувањето на Трамвајот во Сараево каде загина едно лице, а има и повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политички театар во магацин на МВР: спектакл со специјалци и снајпери, а 11 дена без одговор како 5 тони дрога поминале граница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трендафилов до власта: Не ви се плашиме – служите за потсмев, наместо да ги зголемите работничките си ги браните вашите плати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Поранешниот шеф на MI6: Русија изгубила околу 30.000 војници само во еден месец во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk