ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Форум за меѓуетничка интеграција на младите во образованието во рамки на проект на УСАИД

April 28, 2021 16:05
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Младински форум на тема „Од локална стратегија до локална младинска акција“ се одржа денеска во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) во соработка со Младински образовен форум.

На настанот присуствуваа министерката за образование и наука Мила Царовска, нејзиниот заменик Арафат Шабани и амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз, кои заедно со учениците од основните и средните училишта дискутираа за младинското учество и волонтерството.

Како што соопшти МЦГО, Царовска ја нагласи важноста од поттикнување на младинскиот активизам и истакна дека Министерството ќе продолжи да ги поддржува младите. Посочи дека МОН  во изминатиот период стана пријател на учениците, студентите, младите научници и истражувачи и младите активисти и дека речиси во секоја работна група што ја формира за каква било цел што нив ги засега, има по еден или повеќе претставници на категоријата која е во фокусот во конкретната акција.

– Имаме и посебна група наречена МОН – Млади преку која имаме низа заеднички успеси и искрено како министерка, не сум изненадена од придонесот, затоа што и очекував активност од нивна страна. Преку таа соработка детектираме потреби и предизвици, разгледуваме иницијативи, креираме решенија и ги имплементираме, рече Царовска.

Американската абасадорка Кејт Брнз им порача дека секој од нас може да создаде можности и да најде решенија на проблемите со кои се соочуваме.

– Ова е меѓу клучните американски вредности. Вашата проактивност за разубавување на училишните дворови, јавните простори, паркови и игралишта, за подигнување на свесноста за проблеми со врсничко насилство и слични проблеми на младите и вашето
застапување пред претставниците од општините за да се направи заедницата почиста, побезбедна и поубава, се доказ за вашата светла иднина и иднината на вашата држава. Ние го поддржуваме младинскиот активизам и граѓанското учество. Вие сте иднината и силата во општеството, истакна амбасадорката на САД.

МЦГО информира дека во изминатите месеци, 150 ученици од 30 училишта од 10 општини учествуваа на онлајн-работилници на коишто ги идентификуваа предизвиците и можните решенија за подобрување на состојбата во нивните општини. Преку онлајн-средби за застапување, тие соработуваа и со локалните власти пред кои ги презентираа нивните идејни решенија и ја обезбедија потребната поддршка.

-Така учениците успеаја да ги реализираат нивните идеи, истакнувајќи ја важноста на младинскиот активизам. Процесот продолжува и понатаму со повеќе вклучени ученици и општини. Во партнерство со локални организации, училишта и локални заедници, УСАИД во земјава ја унапредува социјалната инклузија, меѓуетничката хармонија и граѓанските вредности. Преку Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието се создаваат можности за интеракција помеѓу учениците од различни етнички заедници и се поттикнува нивната креативност и младинско учество, соопшти Македонскиот центар за граѓанско образование.

извор: МИА

Next Post

Димитриевски: 75 проценти реализација на програмата, подготвен сум да побарам поддршка за втор мандат

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk