ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска: Вложуваме во образованието на сите деца, во Воспитно поправниот дом Волковија успешно се спроведуваат образовни активности

April 29, 2021 13:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Радува начинот на кој што се организирани сите активности во оваа институција, и можам да кажам дека сите институции кои се надлежни за работата на оваа установа, не прават горди, затоа што сите извештаи и меѓународните и домашните со години беа негативни. Како министер за образование и наука ми беше значајно образованието да биде основна алка за ресоцијализација и можности за развој и реинтеграција по излегување од ваква институција, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска по посетата на воспитно поправната установа во с. Волковија.

„Образованието е основа за ресоцијализација и за реинтеграција. Образованието беше предизвик во ваквите институции со години и тоа беше нотирано во сите извештаи, посебно квалитетот на образованието онаму каде што формално се овозможуваше како образование“, рече Царовска.

Министерката потенцираше дека со законот за образование на возрасни за прв пат се регулира формално-правно системот на образование во воспитно поправните домови.

„На тој начин се обезбедува квалитет, но исто така и одржливост на системот. Морам да изразам огромна благодарност до УНДП за поддршката која ни ја дава за системот на плаќање на наставниците, но и во поглед на обезбедување на дидактика. По усвојување на Законот, државата и институциите ќе ја преземат таа обврска на себе и во континуитет ќе може да се обезбедува образование, кое е квалитетно и одржливо и кое ќе им обезбеди полесна ресоцијализација и реинтеграција на децата коишто се сместени во овие институции“, нагласи Царовска.

Министерот за правда Бојан Марициќ, напомена дека со отворањето на овој воспитно поправен дом во ноември месец минатата година, целта била да се направи дом за пример.

„Драго ми е што видовме сериозен напредок направен во последните неколку месеци. Децата се во пристојни услови за престојување, имаат можности за описменување и образование на повеќе нивоа и имаат добра шанса за ресоцијализација. Идејата на секој воспитно поправен дом е двојна – издржување на санкцијата, но и ресоцијализација, изјави Марициќ, потенцирајќи дека во случај на деца, малолетници, многу поважна е токму ресоцијализацијата и враќањето на прав пат, да излезат како сериозни личности подготвени да се вградат во нашето општество и да имаат добра иднина.

Нарине Сахакјан постојаната претставничка на УНДП, посочи дека УНДП има политика, ниту еден дете да остане без процесот на образование.

„Среќни сме што во континуитет обезбедуваме активности коишто се однесуваат на образование и стекнување на стручни вештини од страна на малолетни и возрасни осудени лица во казнено поправните домови. Преку интегрираната програма за образование на возрасни, исто така обезбедуваме можност за возрасните затвореници да го завршат основното образование. Моментално 63 затвореници во затворите во Штип и Идризово напорно работат кон таа целинтеграција во општеството, кога ќе ги напуштат КПД, туку и во можноста да се најдат на пазарот на труд и секако да го продолжат нивното образование“, изјави Сахакјан.

Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, рече дека задоволство и е што, конечно, при посета на казнено поправна установа, влегува во установа која што навистина им излегува во пресрет на потребите на нејзините штитеници, имајќи предвид дека Хелсиншкиот комитет во континуитет ги следи условите и состојбите во овие установи во земјата.

„Морам да кажам дека овој исчекор што денес се прави со оваа воспитно поправна установа треба да претставува мотивација истото да се случува и во другите установи од ваков вид. Популацијата што издржува казна затвор или воспитно поправна мерка, за нас претставува ранлива категорија, изјави Пировска, додавајќи дека Хелсиншкиот комитет ќе продолжи да ги следи, дали и понатаму ќе се одржува овој објект на соодветен начин и дека одржувањето е на прво место во кое треба да вложува државата

Директорот на воспитно поправниот дом Тетово, Даниел Антоски истакна дека поддршката која ја добиваат од институциите е огромна.

„Нашата институција е единствена од овој тип во нашата земја. Грижата за децата и нивните барања се големи. Домот почна со работа на 3 ноември 2020 година и децата од оваа категорија конечно го добија она што го заслужуваат, односно ги имаат сите потребни услови за нивна ресоцијализација и подготовка за нивно активно вклучување на пазарот на труд по напуштањето на Домот“, изјави Антоски, потенцирајќи дека процесот на образование е регуларан како основно образование за оние деца кои немале можност да го почнат, а регулиран е и процесот на средното образование за децата кои од разни причини не успеале да го завршат средното образование

 

Next Post

Правата и благостојбата на работниците – врвен приоритет на Владата

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk