ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Четири респиратори за Клиниката за детски болести донирани од Словачка

April 29, 2021 12:16
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Четири респиратори кои ќе се користат за лекување пациенти со КОВИД-19 хоспитализирани на Клиниката за детски болести беа донирани денеска од владата на Словачка. Апаратите се веќе ставени во употреба, а денеска донацијата беше официјализирана во присуство на заменик-министерот за надворешни работи на Словачка Мартин Клус и словачкиот амбасадор во земјава Хенрик Маркуш.

Клус изјави дека Северна Македонија е меѓу најпријателските земји на неговата, искажа поддршка за нашата европска перспектива и рече дека му е задоволство што денеска присуствува по повод медицинската донација.

– Затоа што за нас е многу важно спасувањето на секој еден живот со овие првокласни респиратори произведени во Словачка. Тоа се фантастични вести, не само за Северна Македонија, туку и за Словачка и нашите граѓани, и јас сум горд поради тоа. Верувам дека ваквата солидарност покажува колку се блиски нашите народи, истакна Клус, додавајќи дека се подготвени и во блиска иднина за каква било солидарност и помош кои се потребни за надминување на КОВИД-пандемијата.

 

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров се заблагодари до, како што рече, партнерска, пријателска и сојузничка Словачка, во неколку наврати покажала голема солидарност и во периоди кога и на словачкиот народ му треба помош и поддршка.

-Ова се четири исклучително модерни и барани респиратори, бидејќи се адаптираат на потребите на организамот. Словачка е, исто така, и меѓу најактивните поддржувачи на нашата европска иднина и затоа сум тука денеска, за да ја потенцирам благодарноста на нашата Македонија, на македонските граѓани до словачката Влада и словачкиот народ, бидејќи застанаа цврсто и јасно на европските принципи, а без тоа ЕУ не може да биде заедница на вредности, истакна Димитров

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека донацијата е во рамки на системот на солидарност на земји од ЕУ, кој функционира од почетокот на пандемијата и со чија помош пристигнаа голем број донации во медицинска опрема, лична заштита, генератори и придружна техника и без кои, како што рече, кризата тешко ќе се менаџираше.

-Сакам да изразам благодарност до заменик-министрот за надворешни работи на Словачка, посебно до многу активниот амбасадор на Словачка во нашата земја, со кој интензивно разговаравме цела оваа измината година и кој се вложи и со лични контакти за оваа донација од четири респиратори, кои се веќе ставена во употреба, да стигне во нашата земја, затоа што имаше интерес и од многу други земји да ја добијат. Респираторите имаат карактеристики да се употребуваат за пациенти кои се заболени од КОВИД. Пациенти веќе беа поставени и навистина дадоа одлични резултати, истакна Филипче, очекувајќи да продолжи солидарноста од земјите на ЕУ, а тоа се и вакцините кои треба да стигнат идната недела.

За словачката донација се заблагодари директорката на Клиниката за детски болести Аспазија Софијанова, истакнувајќи дека апаратите се исклучително важни во време на пандемија која, рече, не ги одмина ниту децата.

-Нивната употреба за Клиниката за детски болести и Одделот за интензивна нега и терапија ќе значи спасување на детските животи. Од исклучителна важност е современиот тренд на нивно лекување. Овие апарати се модерни, ефикасни, а најмалите го заслужуваат најдоброто. А и ние, лекарите, се уште сакаме да учиме, па новитетите во технологијата и медицината со задоволство ќе ги прифатиме со нашите колеги во Словачка. Поканети сме да бидеме гости во Кошице и таму ќе споделиме знаења и вештини за спасување детски животи, рече Софијанова.

Соопшти дека на Клиниката во моментов се лекуваат околу 15 деца со нивните мајки кои се КОВИД-позитивни, но се стабилни, а ги лекуваат поради евентуална компликација.

– Дел од нив веќе ги испишуваме и се во сосема стабилна состојба. Немаме ни едно во загрозувачка состојба. Трендот на намалување на бројот на заболени се забележува и кај децата, додаде директорката на Клиниката за детски болести.

извор: МИА

Next Post

Бајден пред Конгресот: Америка се врати, повторно се движи напред

EVN

НАЈНОВО

Тимоти Редмонд и Даглас Маринер со 30 млади европски музичари на 17 февруари во Македонската филхармонија

February 13, 2026

Димитријевиќ: Власта нема допир со реалноста како живее едно семејство, арогантно одбива да ги покачи платите

February 13, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Македонија ќе ги укине царините за американските производи, САД задржуваат 15% за македонските и нулта тарифа за некои производи

February 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Снимено излетувањето на Трамвајот во Сараево каде загина едно лице, а има и повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политички театар во магацин на МВР: спектакл со специјалци и снајпери, а 11 дена без одговор како 5 тони дрога поминале граница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трендафилов до власта: Не ви се плашиме – служите за потсмев, наместо да ги зголемите работничките си ги браните вашите плати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Поранешниот шеф на MI6: Русија изгубила околу 30.000 војници само во еден месец во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk