ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Наумоски кон Николоски: Сништата се различни кога си во опозиција

April 29, 2021 13:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Добро е што вмровците во 2021 почнаа конечно да сонуваат цивилизациски придобивки како брзи возови, поврзувања на градови, земји и региони. Порано сонуваа конгреси во Солун, обединети големи држави и воени триумфи над соседни народи. Некои од нив ги сонуваа сништата на малиот човек и на секои избори од 2006-та наваму ветуваа автопат до Охрид. Еден од тие Охриѓани што ветуваа автопат до Скопје на секои избори, деновиве се пријави со нов сон за брз воз до Солун, веројатно инспириран од најавата за брз воз од Белград до Скопје, па сакајќи да се повози на бранот на воодушевувањето, Александар Николоски се јави со своја желба.“, реагира Никола Наумоски од Граде Скопје на објавата од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој рече дека негов сон било да се патува од Скопје до Солун за еден и пол час.

Снимка од екран од фејсбук-профилот на Александар Николоски

„Но, како што историјата не научила, тие вакви проекти сонуваат само кога се во опозиција, затоа што кога се на власт не градат инфраструктура и корисни објекти, туку СК2014, мегаломански крстови, етно села и слични потемкинови градби. Само со парите потрошени за СК2014 ќе можеше да се заврши пругата кон Бугарија, или да се реконструира таа до Солун за на неа да можат да се движат брзи возови. Непотребната кула на АЕК на Водно, чини колку четири градски мостови на Вардар, или колку клучката кај Момин Поток што сега започнуваме да ја градиме (најголемиот сообраќаен проект во изминатите неколку децении во Скопје). „Македонско Село“ во Горно Нерези беше изградено за повеќе од пет милиони евра, отворено во 2016-та и затворено во 2018-та, чини колку 33-те нови автобуси на гас што ги гледаме изминативе две години на скопските улици. Целиот проект СК2014 чини колку 10 БРТ системи, или четири посебни трамвајски линии за сите страни на Скопје.

Да имаа право да сонуваат со своја глава, вмровските градоначалници изминативе 30 години од Скопје ќе направеа европска метропола. Наместо тоа, тие мораа да ги исполнуваат сништата на своите пастири, колку и да се болни.“, се наведува во Фејсбук објавата од Никола Наумоски

 

Next Post

Царовска: Вложуваме во образованието на сите деца, во Воспитно поправниот дом Волковија успешно се спроведуваат образовни активности

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk