ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: Одлуката на Шеќеринска да не се кандидира за заменик-претседателка на СДСМ е лична

April 29, 2021 22:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката на Радмила Шеќеринска да не се кандидира повторно за заменик-претседателка на СДСМ е лична, изјави генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски во неговото гостување на емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

„Ова е период во кој што имаме само избран претседател на партијата, сите други органи на некој начин се во оставка. СДСМ постојано се менува и победува и сметам дека и во тој правец треба да продолжиме да работиме“ рече Николовски.

Тој објасни дека во моментов привршуваат општинските изборни конференции кои ќе предложат кандидати за членови на Централниот одбор на партијата.

„СДСМ е единствената политичка структура која што има општинска организација во секоја општина, тоа ниту една друга партија го нема. СДСМ е репрезент на сите етнички заедници  и на сите структури во државата. Анкетите покажуваат дека имаме апсолутна предност кај малите етнички заедници. Концептот на 50-50 мажи и жени кои што го имаме, значи дека 60 членови на Централниот одбор треба да се жени, а 60 мажи. Имаме јакнење на младинските капацитети. Верувам дека ќе имаме одличен состав на следниот Централен одбор“ рече Николовски.

Тој објасни дека сите партиски функции ќе бидат избрани на конгресот на 16 мај по изборот на Централниот одбор на партијата. Запрашан за тоа дали тој ќе остане да биде генерален секретар на СДСМ и по конгресот, Николовски најави дека неговиот мандат досега го смета за успешен и дека ќе остави на структурите во партијата да одлучат.

„Од редот на новиот Централен одбор треба да се избере Извршен одбор, треба да се избере генерален секретар и потпретседатели. Од редот на Извршниот одбор се бира и организациски и меѓународен секретар“ објасни Николовски.

Next Post

Николовски: Граѓаните со децении се плашеа да пријавуваат корупција

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk