ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: Со законот за потекло на името ќе се оневозможи богатење на грбот на граѓаните

April 29, 2021 22:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Со законот за потекло на имот ќе се оневозможи да се крие богатството, да се изнесуваат пари, да се сокрива и на грбот на граѓаните да се богатат сегашни, поранешни или идни функционери, изјави вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека потребен е закон за потекло на имотот што ќе се однесува на сите граѓани и кој ќе ги опфати сите граѓани и бившите функционери.

„Во моментов ДКСК може да испитува потекло на имот само на актуелните функционери и што се случува? Функционерите кога ќе дојдат на позиција префрлуваат дел од имотот на други лица, а кога ќе заминат си го враќаат. Затоа што нив може да им се испитува имотот само кога се на функција, а не и претходно. Затоа тука имаме механизам за враќање назад до 10 години и за проверка на потекло на имот што ќе има широк опфат, за сите граѓани“ изјави Николовски.

Тој објасни дека не само избраните и именувани функционери ќе поднесуваат анкетни листови, туку сите раководни службеници, сите што одлучуваат за правата на граѓаните, сите царински службеници, сите вработени во УЈП и сите останати битни сегменти на општестовто на административно ниво.

„Граѓаните најмногу се жалат во овој поглед. Да, ние мора да ја продолжиме и засилиме борбата против високата корупција, но мора да ставиме ред и во овие институции. Неретко имаме раководители на одредени сектори кои што се поврзани или имаат удели во фирми кои шт осе поврзани со нивната работа. Тие треба да одлучат дали ќе работат за граѓаните или во приватниот сектор. На ова се надополнува и законот за потекло на името“ рече Николовски.

Како алка која се надоврзува во борбата со криминалот и корупцијата, вицепремиерот Николовски го истакна и Регистарот на вистински сопственици.

„До денес се регистрирани над 70 илјади субјекти кои што ги пријавиле вистинските сопственици. Ова оневозможува зделки на фирми од Панама, изнесувањето на богатството во разни острови итн. Мора за секое правно лице да се знаат вистинските сопственици во државата. Овој проект заедно се работи помеѓу Централниот регистар и Управата за финансиско разузнавање. Јавноста ќе има целосен пристап, ќе може да пребарате и да дојдете до вистинските сопственици кои ги има секоја компанија“ изјави Николовски.

Next Post

(ВИДЕО) Пристигнаа 200.000 вакцини „Синофарм“ во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје

Најново

Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

Оставете нè да ви принесуваме убавина, се угушивме во грдотија

April 28, 2026

Во Хрватска ќе се гради дата центар за вештачка интелигенција вреден 50 милијарди евра

April 28, 2026

Тошковски: Протоколот за лица без државјанство е значаен чекор кон системско и навремено решавање на овие случаи

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk