ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Анализа за вработените во администрација: Речиси половина од вработените во јавниот сектор имаат високо образoвание

April 30, 2021 13:55
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Речиси половина од вработените во јавниот сектор имаат високо образoвание, а веднаш зад нив се оние со средно. Конкретно, од вкупниот број на вработени, 52.891 се со факултет, а 38.493 се со средно образование. Во јавниот сектор само 2,4 отсто има доктори на науки, додека 8,3 отсто се со основно образование. Од етничките Македонци, 46,1 отсто од вработени во јавниот сектор се со високо образование, кај Албаниците овој процент е поголем и изнесува 54,7 отсто, додека со високо образование се 40,7 отсто Бошњаци. Во Судски совет, Уставен суд, Совет на јавни обвинители и Јавно обвинителство, докторите на науки се застапени со 0 отсто, анализира Порталб, пренесе МЕТА.

„Најнизок степен на образование за кој е предвидено работно место во јавниот сектор е основното образование, за определени работни места во јавните претпријатија, додека за најголемиот број на работни места е предвидено средно или високо образование“, се наведува во Извештајот на Министерството за информатичко општество, МИОА.

Според образовна структура во јавниот сектор, доктори на науки се 2,38 отсто, магистри се 3,84 отсто, со високо образование се 47,40 отсто, со вишо се 3,15 отсто, со пост-средно образование се 0,48 отсто, со средно се 34,50 отсто, а со основно образование има 8,26 отсто од вработените.

Ако се навлезе подлабоко во анализата за степенот на образование на вработените во институциите, забележително е дека Секретаријатот на Владата е институција со најголем број на високообразован кадар – 80 отсто од вработените, зад него е Владата каде 67,5 отсто од вработените се со високо образование, а повеќе од 60 отсто од вработените се со високо образование во министерствата, кај Народниот правобранител, органите во состав на министерства, кај Претседателот на државата и во Судскиот совет.

Од друга страна вработените со средно образование доминираат во јавните претпријатија 57,1 отсто, во Јавно обвинителство 51,3 отсто, во службите во Владата 70,8 отсто, судовите 57,9 отсто.

Докторите на науки се концентрирани во неколку институции како што се jавни установи, Народна банка, Претседател на држава. Доктори на науки во јавни установи има 3,8 отсто, кај Претседателот на РСМ 3,5 отсто, во Народна банка 2,8 отсто, во Секретаријат на Влада 2,7 отсто.

Во Судски совет, Уставен суд, Совет на јавни обвинители и Јавно обвинителство, докторите на науки се застапени со 0 отсто. Од друга страна, „основците“ ги нема во Влада, кај Претседателот на државата и во Уставен суд, но затоа доминираат во јавните претпријатија со 25,1 отсто.

„Имајќи ја во предвид самата структура на јавниот сектор и институциите кои се опфатени со истиот, како и видот на работните места кои се нудат, може да се изведе заклучок дека во јавниот сектор постои огромна разлика во однос на степенот на образование кој е потребен за да може да се пополни работно место во овие институции“, се наведува во Извештај од Регистарот на вработени во јавниот сектор за 2020.

Речиси 60 отсто од етничките Роми вработени во јавниот сектор се со основно образование, 28,1 отсто се со средно образование, а 10,8 отсто од вработените Роми се со високо образование. Од друга страна, доктори на науки има најмногу од Влашката етничка заедница, скоро 4 отсто, следуваат Македонците со 2,74 отсто, а по нив се докторите на науки од Српската етничка заедница со застапеност од 2,24 отсто.

Различна е застапеноста на вработените од различни етнички заедници и на локално ниво. Етничките Македонци со повеќе од 90 отсто се застапени во општините Аеродром, Битола, Берово, Гази Баба, Виница, Гевгелија, Градско, Дојран, Кратово и други. Етничките Албанци со 100 отсто застапеност се во Арачиново, Боговиње, Липково, додека со над 80 отсто се застапени во Теарце, Сарај, Желино, Дебар, Врапчиште. Етничките Роми се најзастапени во општините Берово и Битола со скоро 2 отсто, во Кочани, Бутел и во Дебар со речиси 3 отсто, во Штип со 3,4 отсто, а најмногу во општина Шуто Оризари со 35,3 отсто. Етнички Турци со 16 отст се најзастапени во општина Долнени, 11,1 отсто во Конче, Маврово и Ростуше, а со скоро 90 отсто во Центар Жупа и со 23 отсто во општина Студеничани. Етничките Срби со 21,2 отсто се најзастапени во општина Старо Нагоричане.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk