ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Клус за МИА: На регионот му треба европска перспектива, а не да дискутираме за проблеми од историјата

May 1, 2021 09:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Мартин Клус. Фото: Фросина Насковиќ/МИА

Мартин Клус. Фото: Фросина Насковиќ/МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Она што сега му треба на регионот е европска перспектива, а не да дискутираме за проблеми од историјата. Словачка е силен поддржувач на процесот на проширување на Западен Балкан, вклучително и на Северна Македонија и на Албанија. Сметаме дека ова е важен процес не само за регионот, туку и за самата Европска Унија и затоа Словачка е една од најгласните земји кои секогаш се обидуваат да ја туркаат оваа агенда, вели во интервју за МИА словачкиот заменик-министер за надворешни работи Мартин Клус.

Клус е оптимист за почеток на првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ во првата половина на годинава.

– Треба да се фокусираме на кредибилна перспектива на проширување и на зголемен ангажман на ЕУ на Западен Балкан, што е на агендата уште од 2018 и верувам дека треба да ја следиме оваа агенда и затоа се надевам дека тоа ќе доведе до отворање на првата меѓувладина конференција во јуни или јули, вели Клус во интервјуто за МИА.

Тој порачува и земјава да се фокусира на владеењето на правото, како една од фундаменталните вредности во Европската Унија.

Мартин Клус. Фото: Фросина Насковиќ/МИА

„Словачка е силен поддржувач на процесот на проширување на Западен Балкан, вклучително и на Северна Македонија и на Албанија. Сметаме дека ова е важен процес не само за регионот, туку и за самата Европска Унија и затоа Словачка е една од најгласните земји кои секогаш се обидуваат да ја туркаат оваа агенда, вклучително таа да се најде на Советот за општи работи на ЕУ, Советот за надворешни работи, како и на лидерскиот Самит на ЕУ.

За жал живееме во комплицирани времиња, и морам да кажам дека за време на пандемијата во последните месеци се соочуваме со успорување на се, вклучително и на дискусиите за процесот на проширување. Од друга страна, имаме и добри вести, на пример тандемот од САД и ЕУ за многу стратешки прашања, а прашањето за мултилатерализмот е важно за Словачка, а верувам и за Северна Македонија, што исто така може да доведе до побрз процес на проширување за Северна Македонија. Јас сум оптимист и се надевам дека со крајот на пандемијата или барем со ублажување на ситуацијата наскоро, процесот на проширување ќе се одвива побрзо.

Веруваме дека Европската Унија треба да си стои на своите правила и на својата Агенда, на која сите земји членки се согласуваат. Треба да се фокусираме на кредибилна перспектива на проширување и на зголемен ангажман на ЕУ на Западен Балкан, што е на агендата од 2018 и затоа верувам дека треба да ја следиме оваа агенда и затоа се надевам дека тоа ќе доведе до отворање на првата меѓувладина конференција во јуни или јули. Разбираме дека има одредени проблеми кои се обидуваме да ги решиме, но она што за нас не е прифатливо е да ги раздвоиме Северна Македонија и Албанија во овој процес, бидејќи веруваме дека ако двете земји ги почнат преговорите заедно, ќе биде многу полесно за овој регион. Затоа Словачка поддржува да почнат преговорите што е можно побрзо.“, истакнува во дел од интервјуто за МИА словачкиот заменик-министер за надворешни работи Мартин Клус.

Next Post

Заев по повод 1 Мај: Обезбедивме зачувување на илјадници работни места, поголеми плати и минималец повисок за 6.000 денари

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk