ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ССМ: Вработувањето на определено време да трае најмногу една година, породилно отсуство од 12 месеци

May 1, 2021 12:32
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Без групирања и со оддржување на физичка дистанца како што налагат протоколите против Ковид-19, денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), го одбележа Денот на трудот – 1 Мај.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, во својот говор пред членовите на сидникатот, изјави дека кризата само ја забрза потребата да се обезбедат приоритетите на работниците во државата, а тие синдикатите здружени во ССМ бараат на работниците да им се гарантира пристојна работа и место во општеството кое го заслужуваат со својот придонес и труд.

– Бараме донесување на нов закон за работни односи со европски стандарди кој ќе содржи договорите за вработување на определено време да се најмногу до една година, а истите автоматски да се трансформираат во договори на вработување на неопределено време по изминување на таа една година.  Второ, породилно отсуство од 12 месеци. Трето, КОВИД -19 да биде професионално заболување платено со стопостотен надоместок по примерот на Синдикатот за здравство и Македонскиот полициски синдикат кои се здружени во ССМ, изјави Димовски.

Исто така до Владата упати барање да се укине членот од Законот за работни односи за контролен период кој овозможува работникот да работи прекувремено без престан, а за прекувремената работа да не биде платен.

– Петто, во компаниите со над 30 работници регулирање на работничките права со колективен договор, бидејќи само така може да се намали бројот на работници кои примаат минимална плата, а знаеме достигнаа до 100 илјади, бидејќи висината на платата треба да се уредува со колективен договор според стручната подготовка и сложеноста на работа. Шесто, зголемување на минималната плата која треба да изнесува најмалку 60 проценти од просечната плата. Седмо, пензионирање по повеќе основи – старосна пензија, пензија по години на стаж, како и предвремена пензија. Седмо, здрави и безбедни услови за нас работници. Осмо, подобар здравствен систем и здравствени услуги достојни за граѓаните и работникот, додаде Димовски.

Ирена Силјановска, претседателка на Секцијата на млади при ССМ, изјави дека дел од Дел од компликациите предизвикани од падемијата со Ковид-19 до прва ќе станат видливи.

– На овој ден повикуваме да се слушне и нашиот глас и бараме од сите релевантни чинители во општеството не само декларативни, туку реално да обезбедат поголема заштита на нашите работнички права и да обезбедат сигурни и безбедни работни места, поголема и социјална економска сигурност, како и инклузивност во процесот на креирање и имплементирање на младинските политики. Само така ќе го спречиме одливот на мозоци и младите својата перспектива ќе ја гледаат во својата држава, изјави Силјановска.

Таа додаде дека од почетокот на здравствената криза во март 2020 година, од вкупната бројка на лица кој остана без работа и екзистенција како резултат на кризата речиси 30 проценти од нив се млади лица под 29 години.

извор: МИА

Next Post

Шекеринска: Интересот за војничката професија се зголеми десеткратно, Aрмијата го доби вниманието кое го заслужува

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk