Очигледно Мицкоски има кратко паметење. Заборава дека повеќе од две децении ВМРО-ДПМНЕ беше власт во Скопје и го остави главниот град без противпожарна опрема и скали. Наместо инвестиции во противпожарни скали, инвестираа во барокни „шпански скали“ и лесно запалливи фасади од евтин стиропор.
Да го потсетиме „пироманот“ Мицкоски кој залудно се обидува да ја „потпали“ јавноста со неговите манипулации:
- Во 2009 Коце Трајановски ветуваше набавка на 8 противпожарни возила за 4 години, годишно по две. Од градскиот буџет е купено само едно, а владата донирала две.
- Во 2013 Коце Трајановски ветувал „набавка на една цистерна 16м2 (само Коце мери вода во метри квадратни, цел свет во кубни) и скали…“ – ниту цистерна е набавена ниту скали.
- Во 2017 Коце Трајановски пак ветуваше „нови специјализирани противпожарни возила“ и „нова автомеханичка противпожарна скала“. Дури и ја манипулираше јавноста дека во тек е набавка на „две специјални противпожарни возила во вредност од 20.000.000 денари…“, иако не набави нови специјални возила.
И сега, кога градот Скопје конечно набавува противпожарна скала со дополнителна опрема по барање на самите пожарникари, пироманското ВМРО-ДПМНЕ сака да предизвика медиумски пожар со манипулации и дезинформации.
Инаку, целиот предмет за набавката на скалите е даден во антикорупциска да го проверат, па и од таму ќе им ја затнат устата.
Нема да им помине.
Фејсбук објава од Васко Лазаревски