Скопје, во друштво со: Талин, Порто, Тбилиси, Вилнус, Будимпешта, Сплит и Белград, како – Топ европски градови „буџет-френдли“, прилагодени за дигитални номади, според EU startaps.com.
„Ако барате необично искуство како дигитален номад, иако честопати го занемарувате, Скопје е вистинско игралиште за странци. Овој уникатен главен град на Балканот е град на контрасти што постојано се обидува да го заживее својот имиџ, со мешавина од различни архитектонски стилови и карактеристичен центар на градот. Покрај тоа, во последниве години градот се појавува како жив ИТ и стартап центар со убав избор на места за соработка“, се вели во статијата од Еу- Стратап.
Наведуваат дека во кафулињата низ Скопје, има бесплатен интернет, како и пријатни патувања недалеку од градот.
Скопје, според статијата од Еу- Стратап, го зазема второто место на листата од европски градови според достапноста.
„Изнајмувањето стан во центарот на градот има цена од околу 250 €. Во однос на тоа колку е лесно да се движите, Скопје е многу пријателско за пешаци и велосипеди. Градот работи и со автобуски систем кој чини 0,65 € за еден билет и 23 € за месечен билет, иако често е преполн со луѓе. Возењето со такси низ централните области на градот чини од 1,15 € до 2,10 €.“, потенцираат од Еу- Стратап.
Ј. Ѓ.