Сојузната министерка за Европа и Устав на Република Австрија, Каролине Едштадлер смета дека Северна Македонија и Албанија треба заедно да го продолжат пристапниот процес кон Европската унија. Раздвојувањето на двете земји во тој процес, вели таа, може да биде ризично и тоа треба да се спречи.
Комитетот за петиции на Европскиот парламент ја разгледа и ја прифати петиција на бугарскиот новинар Михаил Михајлов за поддршка на Северна Македонија и на македонското малцинство во Бугарија и против кршењето на граѓанските права во земјата.
Време е да почнеме пристапни преговори. Вистински тест за ЕУ е токму нашиот случај, бидејќи ние сме земја кандидат 16 години, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на заеничката кој по билатералната средба со австриската министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер.
МОН информира дека помали групи ученици од неколку училишта во државата не ја посетуваат наставата организирана со физичко присуство, односно не се вклучени во онлајн-наставата. МОН во соопштение ги повикува да се вратат на часовите, апелирајќи и до нивните семесјтва, и укажува дека секое неоправдано отсуство се одразува на педагошката евиденција за поведението на учениците и дека отсуството треба да се надомести со дополнителна настава.
Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со министерката за култура Ирена Стефоска и министерот за финансии Фатмир Бесими, по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев, положија свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Специјализираното возило – противпожарна скала е возило кое спасува животи зашто овозможува безбедно евакуирање на сите што живеат во објекти од 5.кат па нагоре, а кои неретко остануваат заробени во своите домови кога пожар ќе избие на пониските катови од повисоките згради, рече на денешната прес-конференција командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Владимир Симоновски. Неопходно беше да се купи ваква скала, тоа се провлекува веќе 10 години и е ставена во јавни набавки од 2010 година, па наваму.
Тито не беше бајка, ниту Гоце бил Царот од „101 приказна“…- пишува БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ.
Секогаш на овој 4 мај и смртта на Гоце Делчев, како пандан на убиството и битката кај селото Баница, ми е конгресот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од 2012 година и снимката од пеењето на „Нешто ќе те питам бабо“: Тоа ми е репетираната погибија, кога вмровците го убиваат Гоце по втор пат. Овие овој пат – со песна. „Ако Гоце Делчев денес беше жив, сигурно ќе беше прогласен за антизападен, ќе беше скандализиран, омаловажуван.“, напишал Мицкоски на Фејсбук, пишува ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ.
М. Миткоска