ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев – Едштадлер: Австрија целосно го поддржува пристапувањето на Северна Македонија кон ЕУ и е подготвена да помогне за новиот исчекор

May 4, 2021 18:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна попладнево со Каролине Едштадлер, сојузна министерка за Европа и Устав на Република Австрија.

Како што соопшти владината прес-служба, на состанокот е пренесена целосна поддршка од Австрија за пристапниот процес на нашата држава кон ЕУ, бидејќи, како што е констатирано, земјава ја заслужува таа „кредибилна перспектива“.

Искажан е ставот дека, како што се наведува, се работи за кредибилноста на ЕУ, довербата во Европската унија и за безбедноста на Унијата и во таа насока е изразена и подготвеност од Република Австрија за помош во процесот, со цел продолжување на интеграциите.

Премиерот Заев се заблагодари за големата пријателска поддршка од Република Австрија на Република Северна Македонија, што резултира со добри билатерални односи на политички и на економски план и отворени шанси за натамошни унапредувања.

-Со позитивните политики на дијалог и инвентивност ќе продолжиме да даваме аргументи за поддршката од Австрија и од другите земји членки на ЕУ за натамошниот исчекор во евроинтеграциите. Се покажа дека граѓаните во која било држава, ги казнуваат национализмите. На домашен план, имаме видлива борба против криминалот и корупцијата, со што покажуваме дека е можно владеење на правото еднакво за сите. Но факт е дека отворената европска иднина и за нашата држава и за другите земји од регионот има мотивирачка улога во реформските процеси и во имплементацијата на европските вредности, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, се додава, се заблагодари на Република Австрија за присуството на австриските полицајци на јужната граница на државава, во рамките на активностите поврзани со справувањето со мигрантската криза и нагласи дека на овој план Северна Македонија ги следи европските пракси и политики. Заеднички е констатирано дека европските перспективи за Западен Балкан се потребни, меѓудругото и за справувањето со ова меѓународно прашање.

На средбата, се посочува, се разговараше и за справувањето со предизвиците од пандемијата и за потребите од современ здравствен систем во полза на граѓаните. Во таа насока, како што се наведува, е посочено на потребата од планираниот нов Клинички центар во Скопје и од инклузивната поддршка на проектот од страна на политичките чинители во Парламентот.

Премиерот Заев изрази посебна благодарност до австриската министерка Едштадлер, за помошта и донациите од Република Австрија во здравството, како и за големата поддршка од Австрија и од Европската унија во справувањето со последиците од пандемијата, стои во соопштението.

извор: МИА

Next Post

Борисов: Гоце Делчев е еден од најсилните симболи во нашата заедничка историја со Република Северна Македонија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk